Според српските медиуми

Се појави нов документ со три американски предлози за Србија

Во Вашингтон се појави нов документ за решавање на прашањето на односите на Србија и Косово, зад кој стои човек на поранешниот американски претседател Барак Обама, јавуваат српските медиуми.

EPA-EFE

Според тој документ, има три можности за договор меѓу Белград и Приштина, но се истакнува и дека „ниедна не е идеална“.

Првата е употреба на „поттикнувања“ за Србија – поддршка од донатори и забрзано членство во ЕУ за согласувањето на признавање на Косово, втората е Србија да се одоброволи со формирање нови автономни окрузи за косовските Срби, но и за српските Албанци, а третата е враќање на пристапот на размена на територии кој беше суштината на нацрт договорот за 2018 година, пишува српски Блиц и наведува дека тоа се заклучоците на анализата „Повторно придвижување на дијалогот меѓу Косово и Србија“, зад кој стои влијателната аналитичка група Меѓународна криза група.

Претседавач на оваа организација е Роберт Малеј, човек од администрацијата на американските демократи и советник на Белата куќа во времето на мандатот на Барак Обама.

Во анализата, меѓу другото, се истакнува дека решавањето на спорот би било „корисно за стабилноста на Западниот Балкан и Европа“, но и се укажува дека сите страни треба да бараат начин да се дојде до договор за заемно признавање, а дека државите од ЕУ би требало да дадат знак дека ќе поддржат секаков договор во согласност со човековите права и меѓународното право.

„Белград и Приштина би требало јавно да ја признаат потребата од компромис“, се напоменува во анализата чија цел е конечно решавање на тешкиот проблем.

Се наведува дека Приштина и Белград разговараат, повторно и повторно, за тоа како да ги нормализираат своите односи барем од 2006 година, и дека се сложиле за многу точки, но не се сложуваат околу најзначајното нешто што ги дели: независноста на Косово.

Што се однесува до првиот предлог – можеби е едноставно невозможно ЕУ да вети забрзано членство, а материјалните поттикнувања веројатно нема да бидат доволни за решавање на суштинското прашање на политичкиот идентитет на Србија. Меѓу другите две, автономијата би изгледала како подобар избор, со досегашниот избор во Европа и поддршката меѓу државите членки на ЕУ, но изгледа дека предизвикува и најостра негативна реакција на двете страни, пишува во текстот.

Понатаму, се предлага Брисел да се фокусира на „поттикнување на преговори во кои двете страни се слободни да истражат секакво решение кое е во согласност со човековите права и меѓународното право, имајќи ја предвид потребата од јавна поддршка дома“.

Трите предлози за решавање на проблемот со Косово на Америка:

1. Признавање од страна на Србија со создавање нови автономни окрузи за косовските Срби и српските Албанци.

2. Враќање на пристапот на размена на територии кој беше суштината на нацрт договорот предвиден за 2018 година.

3. Во анализата се заклучува дека Европската Унија мора да постигне единствен став во врска со решавањето на косовскиот јазол со мостот на Ибар во Косовска Митровица кој одамна ги раздвојува српскиот и албанскиот дел од градот.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

СКСМ - комора на иднината, САП системите - иднина на македонскиот бизнис.

повеќе

Кусокот во глобалното производство на вакцини против КОВИД-19 може да се надомести доколку на производителите ширум светот им се даде пристап до потребната технологија и знаење. 

повеќе

Европа е решена да се ослободи од меката моќ на Москва (енергенсите), а и на дипломатско поле сака да и стави до знаење дека и за неа ќе има „црвени линии“. 

повеќе