Од 2017 година

Се појави кинески документарец за вирусите, открива загрижувачки нешта

Институтот за вирологија во Вухан, познат по своите истражувања на вирусите кај лилјаците, веќе подолго време се наведува како можен избор на ширењето на заразата.

Screenshot

Меѓутоа, кинеските власти тие тврдења ги отфрлаат како неточни шпекулации и истакнуваат дека во таа лабораторија има високо ниво на безбедност.

Еден документарен филм, кој на кинеската државна телевизија ЦЦТВ бил прикажан уште во 2017 година, покажува колку лежерно одделни соработници на Институтот се однесуваат во работата со коронавирусите, пишува Дојче веле и додава дека на документарецот посочил и Тајван њуз пред пристигнувањето на експертите на Светската  здравствена организација во Кина.

Во споменатиот документарец прикажана е група научници собрани околу Ши Џенгли, позната како „Жена лилјак“, во потрага по потеклото на САРС, и иако им било јасно дека лилјаците кои ги прегледувале можат да носат во себе смртоносни вируси, одделни научници за време на истражувањето во пештерата во Јунан не носеле заштитна опрема.

Фатените лилјаци биле прегледувани со голи раце, а без заштита на рацете бил земан и нивниот измет, кој е можен извор на зараза.

Вирологот Чуи Џиу дури кажал дека лилјак го гризнал преку тенките ракавици и тој во филмот го покажува местото на каснување, додека глас од позадина го кажува фактот дека лилјаците можат да пренесат бројни вируси, меѓу кои и беснило, па затоа членовите на истражувачкиот тим пред земањето на примероците се вакцинираат против беснило.

Филмот ненамерно покажува дека мерките за безбедност не се почитуваат како што треба, не само при истражувањето во пештерата туку и во лабораторијата, каде лабораториските техничари не носат вистинска заштитна опрема или маски за лице.

Како што кажува Ши Џенгли, „таа работи не е толку опасна како што сите мислат“, бидејќи е многу мала веројатноста за директна зараза на луѓето.

Таа тогаш објаснила дека нејзините соработници, кога знаат дека лилјаците на одредено место во себе носат вирус кој може да помине на човекот, спроведуваат поголеми мерки на претпазливост, но дека „во повеќето случаи се применува само обична заштита“.

Документарецот, се наведува, отвора прашања на кои сигурно и научниците на СЗО би сакале да ги најдат одговорите, бидејќи шокира лежерниот однос кон безбедносните мерки.

Легенда под Главна слика

Screenshot

Формирањето на платформа за прекугранична соработка за борба против аерозагадувањето има потенцијал вистински да придонесе за намалување на загадувањето на воздухот во нашата земја.

повеќе

 Еврообврзница во услови на најголемата светска економска криза за репрограмирање на долгот и буџетска поддршка.

повеќе

Повикот на Заев за „Влада за национален спас“ само три дена откако неговиот кабинет ја доби собраниската доверба, покажува дека таа тешко би се качила над сегашните 62 пратеници.

повеќе