Во Сирија

Се подготвува решавачка битка со ИСИС (ВИДЕО)

Сириските сили поддржувани од САД се приближуваат кон последното територијално упориште на терористичката група Исламска држава.

Тоа е градот Багуз, во близина на границата со Ирак, на брегот на Еуфрат, јави Ројтерс.

Се очекува денес, како што рече портпаролот на Сирискиот демократски фронт (СДФ), да се случи „решавачката битка“.

Повеќе илјадници екстремисти од Исламска држава, како и нивните следбеници и цивили, се повлекоа во Багуз последниве неколку недели.

Во петокот беа евакуирани последните цивили од оваа населба, така што Сириските демократски сили ќе ја продолжат својата офанзива.

„Нашите сили полека напредуваат за да ги избегнат проблемите со минските полиња. Околу патиштата што водат кон населбата има илјадници мини. Очекуваме одлучувачка битка“, рече портпаролот на СДФ за Ројтерс.

Кризата на вредности влијае негативно на балансот помеѓу императивот за слобода и потребата за безбедност, стеснувајќи го либералниот простор на современо конципираните општества.

повеќе

Mора да се научиме како да ги градиме политиките кои ќе водат кон осврт на сите теми важни за градење позитивен мир, но и реторички да останеме конзистентни на она за што се залагаме.

повеќе

Во изминатите 24 години откако Македонија и САД воспоставија официјални дипломатски односи, македонско-американските трговски врски растат бавно, но сигурно.

повеќе