Се огласи НАТО за „откритието“ на Курти

Претставник на НАТО изјави дека косовските безбедносни сили мора да го информираат и да добијат претходна согласност од командантот на КФОР за какво било движење на северот на Косово, пренесува Газета експрес.

„Секое движење на косовските безбедносни сили бара претходно известување и согласност од командантот на КФОР“, истакна неименуван функционер на НАТО за приштинскиот весник.

Тој истакна, како што наведува Газета, дека веќе се размислува за нивото на ангажманот на НАТО со косовските безбедносни сили, по одлуката за трансформацијата на КБС и дека разговорите за тоа прашање продолжуваат.

Во одговорот се прецизира 20-годишниот придонес на НАТО на стабилноста на западниот Балкан и се истакнува дека мисијата на НАТО останува непроменета и целосно во согласност со резолуцијата 1244 на Советот за безбедност на ОН.

„Ние сме тука за да одржиме безбедно опкружување за сите луѓе на Косово и тоа е она што го правиме. Во исто време, по одлуката за трансформација на КБС, го преиспитуваме нивото на НАТО ангажманот. Овие дискусии продолжуваат. Нашиот мандат не се сменил и ќе ја продолжиме мировната мисија. НАТО го поддржува и продолжувањето на дијалогот меѓу Белград и Приштина по покровителство на ЕУ како единствено одржливо политичко решение за регионот“, се наведува во одговорот на Алијансата.

Косовскиот премиер Аљбин Курти го објави денес договорот постигнат во 2013 година меѓу Хашим Тачи и тогашниот генерален секретар на НАТО Андрес Фог Расмусен.

Во објавениот договор, Тачи како премиер во тоа време дал гаранција на НАТО дека КБС ќе дејствува на северот на Косово само со претходен договор со КФОР.

За транспортерите – благодарам, за мерките – итност, за компаниите надеж дека Владата ќе ги искористи сите ресурси на државата за да ги одржи во живот, без разлика на цената што треба да се плати за тоа.

повеќе

Пандемијата со коронавирусот започна во време кога довербата во институциите беше на рекордно ниско ниво. 

повеќе

Најголемата закана од оружје засновано на ВИ не доаѓа од поединечни земји. Заканата ќе дојде од недржавни актери.

повеќе