Се огласи НАТО за денешните инциденти на Косово

НАТО денешната операција на косовската полиција ја гледа како „акција за спроведување на законите“, пренесуваат косовските медиуми.

EPA-EFE

Според Коха, мисијата на КФОР на Косово била запознаена со настаните и во комуникација со властите во Приштина.

Претставник на НАТО за Радио слободна Европа кажал дека „косовската полиција спроведува операција за спроведување на законот на цело Косово“ и дека мисијата на КФОР предводена од НАТО е во постојана комуникација со сите релевантни институции на Косово и со претставниците на меѓународната заедница.

Во одговорот на НАТО се повторува дека мисијата на Северноатлантската алијанса на Косово „останува целосно фокусирана на секојдневната примена на мандатот од ОН според Резолуцијата 1244 од 1999 година, и продолжува да пружа мирна, безбедна средина и слободно движење за сите заедници кои живеат на Косово“.

Во реакцијата на НАТО се наведува и дека „КФОР продолжува да помага во примената на најновиот договор за смирување на тензиите кој го постигнаа Белград и Приштина во рамки на дијалогот со посредство на ЕУ“.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Можеби поради еуфоријата што ја донесе туризмот - и желбата на самите жители на Грција да уживаат во одморите - пошироката јавност беше подготвена да ги толерира дневните бројки на новозаразени (во просек помеѓу 2.000 и 3.000 случаи во текот на летото). 

повеќе

Насловот асоцира и на резултатите од изборите, кои, кога ќе излезе оваа колумна, ќе бидат познати, иако најретко споменуван збор во кампањата беше зборот ДЕЦЕНТРАЛИЗАЦИЈА, кој е единствен начин за остварување на сите „големи“ ветувања што ги слушнавме изминативе две недели.

повеќе

Опонентите на академик Блаже Ристовски во Македонија го квалификуваа како националист, во белградскитe кругови  го именуваа како „бугарофил“, а во Бугарија го нарекуваа „Југословен“ и „србокомунист“. А тој си остана ист, исправен пред нападите и секогаш подготвен да им одговори на критичарите.

повеќе