Со критика за каталонските власти

Се огласи кралот Фелипе: Никој нема да ја растури Шпанија

Шпанскиот крал Фелипе Шести за првпат ја коментираше намерата на каталонските власти да одржат референдум за независност на шпанскиот регион, кажувајќи дека шпанските граѓани мора да го почитуваат уставот на земјата, кој забранува сецесија на нејзини делови.

Кралот Фелипе на церемонија за доделување награди за култура кажа дека уставот ќе „превладее“ над кој било обид за разбивање на Шпанија.

Тој истакна дека правата на сите Шпанци ќе бидат одбранети од „секој кој ќе исчекори надвор од уставот и статутот“.

Шпанската влада се обидува преку судски пат да го спречи одржувањето на референдумот за независност на Каталонија, планиран за 1 октомври, а шпанскиот премиер Маријано Рахој апелираше вчера до граѓаните на Каталонија да не излегуваат на референдумот за кој кажа дека е неуставен.

„Ако некој ве повика да излезете на гласање, немојте да одите, бидејќи референдумот не може да се одржи, бидејќи е целосно незаконски чин“, кажа Рахој.

Каталонските власти, кои се залагаат за независност на регионот, истакнуваат дека гласањето за независност ќе биде одржано и покрај тоа што уставниот суд на Шпанија го суспендираше одржувањето на референдумот до донесувањето на пресудата за неговата законитост.

Нема законски пречки да се снима полициски службеник за време на вршење на должноста, иако полицијата се противи на тоа.

повеќе

На денешен ден, 18 февруари 2013 година, Собранието на РМ го избра Талат Џафери за министер за одбрана.

повеќе

Народот е тој што треба да кажува дали политичарите се умни, знаат, ќе одлучи или пак ќе бара нивна смена.

повеќе