Коронавирус

Се намалува и бројот на заразени во регионот, но сепак има мртви

Се чини дека построгите епидемиолошки мерки во регионот дадоа плод, бидејќи Хрватска, Словенија и Босна, исто како и Македонија, веќе неколку дена бележат помал број заразени. Бројот на починати останува голем.

Фото: ЕПА

Хрватска

Во последните 24 часа во Хрватска се регистрирани 255 нови случаи на инфекција со вирусот, а во моментов се активни 6.946 случаи. На болничко лекување има 2.437 пациенти, од кои 219 се на респиратори. Уште 55 лица починаа, пишува Индекс.хр.

Од почетокот на пандемијата во Хрватска се потврдени 212.262 случаи на коронавирусот, од кои починале 4.016 лица. Оздравеле вкупно 201.300 луѓе, од кои 1.480 во последните 24 часа. До денес се тестирани вкупно 1.026.480 лица, од кои 1.740 во последните 24 часа.

 

Словенија

Во Словенија во последните 24 часа се потврдени уште 388 новозаразени со коронавирусот, од 1.591 тестиран, а според официјалните податоци, починале уште 39 ковид-пациенти.

Од почетокот на пандемијата во Словенија, потврдени се 123.343 заразени и 2.774 смртни случаи кај ковид-пациенти, јавува СТА.

Хоспитализирани се 1.111, 188 пациенти се на интензивна нега, а во последната недела Словенија забележа 915 новозаразени на 100 илјади жители.

 

Босна

Во претходните 24 часа, како што беше објавено денес, беа регистрирани уште 140 заразени со коронавирусот од 396 тестирани примероци. Во изминатите 24 часа нема пријавено нови смртни случаи во Институтот за јавно здравје на ФБиХ. Нови случаи има во сите кантони во ФБиХ, освен во Посавскиот и Среднобосанскиот кантон.

Досега во тој ентитет се тестирани вкупно 344.145 примероци, а вирусот е потврден во 72.399. До денес, во ФБиХ се излечиле 52.869 пациенти. Активни се 17.361 случај на болеста ковид-19. За време на епидемијата во Федерацијата БиХ починале 2.169 лица што биле позитивни на коронавирусот.

Институтот за јавно здравје на Република Српска денес нема да објави податоци за епидемиолошката состојба. Извештајот нема да биде објавен ниту на 8 јануари.

Причината не е наведена, но се претпоставува дека тоа се должи на празниците - Нова година и Божиќ според Јулијанскиот календар.

Досега се потврдени 37.185 случаи на зараза со коронавирусот во Република Српска, при што починале вкупно 1.784 лица. Во Република Српска досега оздравеле 23.390 пациенти, а тестирани се вкупно 162.509 лица. Вкупниот број хоспитализирани во Република Српска е 721: во Универзитетскиот клинички центар на Република Српска 286, а во општите болници 435.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Во САД и некои други земји, припадниците на загрозените расни и етнички малцинства имаат пократок животен век од просечниот, и поради тоа не се доволно застапени меѓу оние за кои најмногу се очекува дека ќе починат од ковид-19.

повеќе

Предвидувањата за тоа дека ќе дојде денот кога Бугарија ќе ги искористи пасошите кои Софија така лесно им ги даваше на македонските државјани почнуваат да се остваруваат.

повеќе

Реакцијата на семејството и блиските во однос на пандемијата е пресуден фактор кој влијае на емотивната состојба, размислувањата и однесувањето на младите.

повеќе