На прес-конференција

„Се каете ли за сето лажење?“, го прашаа Трамп во Белата куќа (ВИДЕО)

Дописникот на Хафингтон пост го повика претседателот да одговори дали се кае за постојаното лажење, но брзо беше сосечен.

С.В. Дате чекал пет долги години да му постави едно прашање на Доналд Трамп: „Господине претседател, по три и пол години, дали воопшто се каете за сите лаги што му ги кажавте на американскиот народ?“

Соочен со прашањето на Дате на брифингот во четвртокот во Белата куќа, Трамп одговори со свое прашање. „За сите што?“, рече тој.

Дате: „За сите лажења, за сета неискреност“.

Трамп: „Чии лажења?“

„Ваши“, рече Дате, кој е дописник од Белата куќа за Хафингтон пост. „Десетици илјад...“, почна тој, но Трамп да го прекина и се сврте кон друг новинар, кој постави прашање за данокот на плати.

Во јули Вашингтон пост објави дека Трамп изрекол повеќе од 20.000 „лажни или погрешни тврдења“ за време на неговото претседателствување.

Дате за Гардијан рече дека го поставил прашањето затоа што сега првпат добил шанса.

„Не знам зошто сега ме повика да поставам прашање, затоа што и претходно се обидов да го прашам (во март) и тој ме прекина среде прашање. Можеби сега не ме препозна“, рече тој. „Знаете, тој има една група луѓе од кои обично прифаќа прашања.“

Сега му дошол редот на Дате да постави прашање во Белата куќа. „Отсекогаш мислев дека ако тој некогаш ме повика да му поставам прашање, ова е една работа што е навистина клучна за неговото претседателство“, рече тој.

Лажењето на Трамп е „единствениот дел од неговото претседателствување што ќе се памети за 10 години“.

Дате не бил изненаден од одговорот на Трамп на прашањето - игнорирањето секогаш ќе биде најверојатната реакција, смета тој.

На прашањето дали мисли дека следниот пат ќе му биде дозволено да влезе, Дате рече: „Да, апсолутно“.

Откако го постави најгорливото прашање, што друго би прашал кога би имал друга шанса?

Бидејќи Трамп не одговори, тоа ќе биде: „'Господине претседател, минатиот пат не одговоривте. Може ли да кажете зошто изрековте...' колкав и да биде бројот дотогаш“, рече Дате.

Во либералните демократии веќе со години се продлабочува политичката поларизација, се намалува довербата во владеењето на правото и, институционално гледано, состојбата општо се распаѓа.

повеќе

Како по ѓаволите успеаја политичарите да го претворат токму Гоце Делчев во повод за поделби и омраза?

повеќе

Независна Македонија не може да се пофали со успешно менаџирање на етничките прашања, а првите „грешки“ се прават во првите денови од независноста.

повеќе