Се качи на планина и возеше офроуд: Владимир Путин го прослави роденденот (ВИДЕО)

Рускиот претседател Владимир Путин денес го прослави 67 роденден. По воспоставениот обичај роденденот го мина во кругот на најблиските луѓе без помпа. Многумина му испратија честитки, а колегите претседатели му честитале и по телефон, јавува Раша тудеј.

Ден пред роденденот тој одмарал во Сибир во републиката Тува заедно со еден од најблиските соработници и пријатели, рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу.

Шојгу е роден во Тува и лани исто така го шеташе Путин и му ги покажуваше природните убавини на родниот крај. Ловеа риби во Јенисеј. Иако агенциите јавија само дека Путин бил во сибирската тајга, денес претседателот на република Тува со гордост објави дека рускиот претседател престојувал кај нив и уживал во природните убавини.

Путин и Шојгу береле печурки и уживале во природата кај реката Јенисеј, а рускиот претседател бил одушевен од нечепнатата природа и чистиот воздух.

Во либералните демократии веќе со години се продлабочува политичката поларизација, се намалува довербата во владеењето на правото и, институционално гледано, состојбата општо се распаѓа.

повеќе

Како по ѓаволите успеаја политичарите да го претворат токму Гоце Делчев во повод за поделби и омраза?

повеќе

Независна Македонија не може да се пофали со успешно менаџирање на етничките прашања, а првите „грешки“ се прават во првите денови од независноста.

повеќе