Меѓу Данска и Германија

Се гради најдолгиот подводен тунел во светот, ќе биде завршен во 2029 (ВИДЕО)

По повеќе децении планирање, почнаа работите на најдолгиот подводен тунел во светот.

EPA-EFE

Тунелот Фемарнбелт ќе ги поврзува Данска и Германија, ќе се спушта и до 40 метри под Балтичкото Море и ќе биде отворен во 2029 година, пишува Си-ен-ен.

Тунелот кој ќе биде долг 18 километри е еден од најголемите европски инфраструктурни проекти, а во него ќе бидат вложени над 7 милијарди евра.

Тунелот ќе проаѓа по Фемарновиот појас, теснецот меѓу германскиот остров Фемарн и данскиот остров Лоланд, а замислен е како алтернатива на актуелната траектна линија од Родби до Путгарден која секоја година превезува милиони патници. На траектот му се потребни 45 минути, а по изградбата на тунелот со воз ќе се стигнува за 7, а со автомобил за 10 минути за од едната држава да се премине во другата.

Тунелот, чиј официјален назив е Фемарнбелт фикст линк, воедно ќе биде најдолгиот комбиниран патен и железнички тунел во светот.

Ќе се состои од два пата со по две ленти кои ќе бидат одвоени со службен премин и две електрични железнички пруги.

„Денес, ако одите со воз од Копенхаген до Хамбург, ќе ви требаат околу четири и пол часа. По завршувањето на изградбата на тунелот истото патување ќе трае два и пол часа. Многумина летаат меѓу тие два града, но во иднина ќе биде подобро да се седне во воз“, кажа Јенс Оле Каслунд, технички директор во данската државна компанија Фемерн А/С која е задолжена за големиот проект.

Истото патување ќе биде побрзо и за возачите бидејќи ќе заштедат на време во редот за траектот.

Освен првичното влијание на патничките возови и автомобили, тунел ќе ги засегне и товарните камиони и возови. Се создава копнена рута меѓу Шведска и централна Европа која ќе биде пократка за 160 километри од денес.

Во моментов сообраќајот меѓу скандинавскиот полуостров и Германија преку Данска може да се одвива со траект преку теснецот или по подолгата рута преку мостовите меѓу островите Зеланд, Фунен и полуостровот Јутланд.

Проектот датира од 2008 година кога Германија и Данска потпишаа договор за изградба на тунел. Потоа беа потребни повеќе од 10 години за двете држави да ги донесат потребните закони и да ги спроведат потребните истражувања.

Иако постапката од данската страна е завршена, во Германија бројни организации се жалат на проектот.

Сепак, Михаел Ловендал Крусе од Данското здружение за заштита на природата смета дека проектот ќе биде корисен за средината.

„Како дел од тунелот Фемарнбелт ќе се создадат нови природни области и камени гребени на данска и германска страна. На природата ѝ е потребен простор и како резултат на тоа ќе ма повеќе простор за природата. Но најмногу корист ќе има климата. Возовите ќе му конкурираат на воздушниот сообраќај, а превозот на товарот со електрични возови е далеку најдоброто решение за природата“, кажа тој за Си-ен-ен.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Релевантните институции покажуваат неподготвеност да го спроведат долгоочекуваниот попис.

повеќе

Економската стратегија има за цел да се реализираат можностите на дигиталната трансформација, да се зајакне соработката во областа на климатските промени, енергетскиот сектор, човечкиот развој и безбедноста на храната.

повеќе

Во време кога турската лира е во историски пад, Турција мора да надмине бројни предизвици за целосно да закрепне од кризата.

повеќе