Пожарот уништува „непроценливо наследство“

„Сè гори, ништо нема да остане од конструкцијата“ (ВИДЕО)

Голем пожар попладнево го зафати покривот на катедралата Нотр Дам, во центарот на француската престолнина, уривајќи ја шпицастата кула и испраќајќи густ облаци чад кон синото небо, додека туристите и парижаните вџашено гледаат од улиците под неа.

Портпаролот рече дека целата дрвена конструкција на катедралата најверојатно ќе се урне и дека може да биде загрозен и сводот на објектот.

„Сè гори, ништо нема да остане од конструкцијата“, изјави за француските медиуми портпаролот на Нотр Дам, Андре Фино. Во оваа катедрала од 12 век се чуваат непроценливи уметнички дела и таа е една од најпознатите светски туристички атракции.

Причината за катастрофалниот пожар не е позната, но француските медиуми ја цитираа пожарната бригада во Париз, велејќи дека пожарот е „потенцијално поврзан“ со проект за реновирање вреден 6 милиони евра за шпицестата кула на црквата и нејзините 250 тони олово. Париската полиција соопшти дека нема пријавени смртни случаи.

Пламените се извиваа од покривот на катедралата, едно од најпосетуваните обележја во светот. Глетките на пожарот ги запираа минувачите по брегот на реката Сена, која поминува под катедралата.

Францускиот претседател Емануел Макрон го одложи телевизискиот говор до нацијата поради ужасниот пожар и замина кај самата катедрала.

Францускиот историчар Камил Паскал изјави за каналот БФМ дека пожарот уништува „непроценливо наследство“.

„800 години катедралата го чува Париз“, рече Паскал. „И среќните и несреќните настани со векови беа обележувани со ѕвоната на Нотр Дам“.

Тој потсети дека ѕвоната на Нотр Дам смртно одѕвонувале и по нападите во Париз во 2015 година.

„Можеме да бидеме само ужасени од она што го гледаме“, рече Паскал.

Градоначалничката на Париз, Ана Идалго, е во очај од „ужасниот пожар“. Идалго во пораката од Твитер напиша дека пожарникарите од Париз сè уште се обидуваат да го локализираат пожарот и ги повика граѓаните на Париз да го почитуваат безбедносниот периметар што е поставен околу катедралата.

(Текстот е одговор на колумната „Сите нации се модерни конструкти" од д-р Љубица Спасковска објавена на МКД.мк, 1 август)

повеќе

На мојот пријател, овчарот Митко му реков: „Дојде време ти, јас, сите граѓани на Македонија да си го вратиме суверенитетот на оваа наша држава".

повеќе

Неопходно е да се допрецизира законот со што би се овозможило одреден дел од финансиски средства да се пренасочат кон делот на општествена одговорност на приредувачите на игри на среќа со цел подобрување на спортската инфраструктура.

повеќе