Италијански жители и туристи се евакуираат поради страв од отцепување на глечер на Монблан

Дел од глечерот Гранде Жорас во италијанскиот дел од масивот Монблан штотуку не се отцепил поради високите температури, па започната е евакуација на повеќе десетици жители и туристи, објавија денес локалните власти.

EPA-EFE/THIERRY PRONESTI

Околу 500.000 кубни метри мраз само што не се одвоиле од глечерот Планпенсју, во областа на општината Курмајор, се наведува во уредбата на општината од регионот Вал д'Аоста, која граничи со Франција.

Неколку патишта што водат кон долината Вал Ферет се затворени. Властите наредија евакуација на триесетина куќи во „црвената зона“ во долниот дел на Вал Ферет.

Полицијата и цивилната заштита од утрово спроведуваат операции за евакуација и обезбедување, додека локалните власти ги загрижуваат високите температури за наредните три дена.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE/THIERRY PRONESTI

Практичната имплементација на владината стратегија „едно општество за сите“, која на хартија има добри намери, е засенета од неуспешната борба против корупцијата и организираниот криминал.

повеќе

Веќе четврта деценија штом општеството се фокусира на македонско-бугарските или македонско-албанските односи, на улиците излегуваат навивачките групи со навредливиот репертоар. Спонтано? Ајде, Ве молам.

повеќе

Нивото на Советот на Центар никако да порасне и да ги покаже демократските капацитети и зрелоста очекувани од граѓаните.

повеќе