Саудискиот принц за бруталното убиство на новинарот-дисидент: „Да, одговорноста е моја“ (ВИДЕО)

Саудискиот принц Мохамед бин Салман за првпат јавно го коментираше случајот на бруталното убиство на новинарот Џамал Кашоги, кажувајќи дека тој е одговорен за тоа што се случи, пренесува Ројтерс.

„Тоа се случи под мојот нос. Целата одговорност е моја, затоа што се случи под моја стража“, вели принцот во документарецот на ПБС кој треба да биде емитуван на 1 октомври, на годишнината од смртта на новинарот.

И пкрај обвинувањата на ЦИА дека убиството го нарачал токму тој, принцот во интервјуто го негира тоа. На прашањето како е возможно да не знаел за убиството, вели дека Саудиска Арабија има 20 милиони граѓани и три милиони вработени.

На прашањето зошто убијците користеле владини авиони, тој вели: „Јас имам функционери, министри кои сѐ надгледуваат, и тие се одговорни за сѐ. Тие имаат овластувања за тоа да го дозволат“.

Истакнатиот новинар и колумнист на Вашингтон пост беше убиен откако влегол во саудискиот конзулат во Истанбул во октомври 2018. Саудијците на почетокот тврдеа дека Кашоги излегол од конзултатот, па дека бил убиен во тепачка со „одметнати“ саудиски агенти, а на крајот саудискиот државен обвинител призна дека убиството на Кашоги било испланирано.

Во јуни беа објавени резултатите од независната истрага во која се наведува и виновникот. Саудиска Арабија, според меѓународното право, е одговорна за „вонсудската егзекуција“ на Кашоги, наведува Си-ен-ен.

Саудиска Арабија и понатаму инсистира дека ни принцот Мохамед бин Салман ни кралот Салман не знаеле ништо за планираното убиство на Кашоги. Американските разузнавачки служби, пак, тврдат дека таква мисија, во рамки на која дури 15 саудиски агенти одлетале од Ријад за Истанбул непосредно пред убиството, не можела да биде извршена без одобрување на принцот Бин Салман.

Макси помпа, просечен дипломатски и небитен медиумски ефект.

повеќе

Силите на антиглобализацијата веќе стануваат доволно моќни да и зададат значаен удар на светската економија. 

повеќе