Саудиска Арабија воведе полициски час во Мека и Медина

Саудиска Арабија воведе денес 24-часовен полициски час во светите муслимански градови Мека и медина откако со коронавирусот се заразија 1.700 и умреа 16 луѓе.

Саудиското министерство за внатрешни работи објави дека се изземени основните служби, продавниците со храна и здравствените установи.

Земјата со 30 милиони жители презема драстични мерки за сузбивање на болеста, ги прекина сите меѓународни летови, ги затвори повеќето јавни места и го забрани аџилакот.

Властите денес ги повикаа муслиманите низ целиот свет да го одложат доаѓањето на годинешниот хаџ за некои подобри времиња.

Покраината Катиф богата со нафта, во која минатиот месец се појави првиот заболен меѓу шиитските аџии кои се вратиле од Иран, е во карантин речиси еден месец.

Саудиска Арабија има најмногу заразени и умрени од сите членки на Советот за соработка во Арапскиот Залив.

Во повеќето земји во развој, ковид-19 предизвикува економски ураган.

повеќе

Бизнис заедницата која до пред некој месец постојано „трубеше“ како државата не треба да ѝ се меша во работата, веднаш почна да плаче за државна помош.

повеќе

Кога може оние кои пукаа по нас, оние кои ги убија Аце, Коки и Оливер да бидат на слобода, зошто не би бил помилуван и ти?

повеќе