Саудиска Арабија размислува да продава нафта во јуани

Саудиска Арабија размислува за продавање дел од својата нафта на Кина во јуани а не во долари, јави Волстрит џурнал повикувајќи се на извори запознаени со „активните преговори“ меѓу Ријад и Пекинг.

EPA-EFE

Таквиот потег би ја ослабел важноста на „петродоларот“, валутата која го контролира глобалниот финансиски систем повеќе од половина век, поставувајќи го американскиот долар како меѓународна резервна валута при ризик.

Кина купува околу четвртина од нафтата која ја извезува Саудиска Арабија, што значи дека префрлањето на оваа размена во јуани значително би го кренал профилот на кинеската валута. Во моментов, 80 отсто од глобалната продажба на нафта се врши во долари, а Саудијците тргуваат само во долари уште од 1974 година кога Вашингтон му понуди на Ријад безбедносни гаранции во замена за лојалноста на петродоларскиот систем.

Иако Кина е Саудиска Арабија веќе шест години преговараат за продажба на нафтата во јуани, тие преговори во последно време се засилија поради незадоволството на Саудијците од политиката на американската влада. Поради засилените напори на Вашингтон да се дистанцира од саудиската војна во Јемен, која ја претвори веќе најсиромашната нација на Блискиот Исток во хуманитарна катастрофа, до осудата на принцот престолонаследник Мохамед бин Салман за униството на новинарот Џамал Кашоги, Ријад е загрижен околу дека САД нема да ги почитуваат безбедносни гаранции, пишува Волстрит џурнал.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Ако пак се натури овој бесмислен консензус на Франција, кој ги признава сите емоции на Бугарија, тогаш оваа неспособна власт ќе не одведе подлабоко од сегашниот амбис.

повеќе

Во новите предлози се направени само формални, но не и суштествени промени, во однос на претходниот предлог (кој Владата го нема објавено).

повеќе

Енергетската криза во светот, но и во Република Македонија (РМ), не стивнува иако сме на почеток на летото кога вообичаено има помала потрошувачка на енергија кај нас. 

повеќе