Саудиска Арабија првпат им дозволува на жените да влезат на стадион

Саудиска Арабија овој викенд слави 87-годишнина од основањето со досега невидено богата програма од претстави и концерти, а на прославата на меѓународниот стадион Крал Фахд во Ријад денеска првпат ќе ѝ се приклучат и жените, на вечерната оперета - прва организирана во ова конзервативно исламско кралство, вели Ројтерс.

Прославите се дел од владините напори за зајакнување на националната гордост и подобрување на квалитетот на животот на Саудијците.

Најавените претстави и концерти се последните во серијата настани спонзорирани од владата, како дел од промовирањето на реформската програма Визија 2030, покрената пред две години, заради диверзификација на економијата, односно помала зависност од нафтата, создавање целосно нови сектори за вработување на младите и отворање на досега затвореното саудиско општество.

Сепак, во земјата, која се држи до строго вахабистичкото толкување на сунитскиот ислам, со кој се забранува мешање на половите, како и концерти и киносали, овие обиди за давање права на жените, промоција на спортот и инвестиции во забавата наидоа на критики и осуда.

Реформите во рамките на програмата Визија 2030 би требало, меѓу другото, да придонесат една четвртина од 20-те милијарди долари, колку што Саудијците трошат на забавни паркови во блиското Дубаи, да останат дома.

Настаните викендов, сепак, се бесплатни за публиката.

Пораката на амбасадорот Бејли среде Скопје, јас не ја сфатив како шлаканица врз ДИК и нивните неодговорни членови (за наша несреќа едногласни во мислите и менталната матрица)!

повеќе

Дипломатијата е уметност невозможното да го направите возможно (Ш.-М. Талеиран).

повеќе

Односите меѓу Грција и Македонија се на клучна точка, вели Катимерини и со ѕвездички дообјаснува дека употребата на терминот „Македонија“ е на авторот и дека не го одразува ставот на весникот. Сепак се чини ова е првпат грчкиот весник да нè напише со уставното име.

повеќе