Саудиска Арабија порача: Ако нѐ нападнаа од Иран, тоа е воен чин (ВИДЕО)

Ако истрагата покаже дека минатонеделниот напад врз саудиските нафтени инсталации дошол од Иран, Саудиска Арабија тоа ќе го смета за воен чин, но Ријад во моментов оди во насока на мирно решение, изјави висок саудиски функциоер.

„Го сметаме Иран за одговорен (за нападот) бидејќи проектилите и дроновите лансирани на Саудиска Арабија се произведени во Иран и испорачани од Иран“, кажа за Си-ен-ен министерот за надворешни работи Адел ал Џубеир.

„Но да се почне напад од вашата територија, доколку се утврди дека е тоа случајот, нѐ става во друга позиција, тоа би се сметало за воен чин“, истакна Џубеир.

Според него, Ријад ги чека резултатите од истрагата на која се придружија и странски експерти.

Во нападот на нафтените објекти на 14 септември, вклучувајќи ја најголемата рафинерија во светот, производството на нафта во Саудиска Арабија привремено се преполови.

Ријад го отфрли тврдењето на бунтовничките Хути во Јемен дека тие го извршиле нападот. САД вината ја префрла на Техеран, кој пак негира каква било вмешаност во тој напад.

„Доколку Техеран продолжи по тој пат, ризикува против него да се почне воена акција. Но, никој не сака војна. Сите сакаат тоа мирно да се реши, а како краен резултат Иран би требало да прекине со своите агресивни постапки“, порача саудискиот министер.

Исто така оцени дека „попуштањето на Иран е неефикасно“.

„На пример, обидот за воспоставување паралелен финансики систем или кредитна линија е попуштање. Тоа само дополнителни ги охрабрува. Иранците мора да знаат дека ќе сносат последици за своите постапки“, кажа шефот на саудиската дипломатија.

Саудиска Арабија нападите врз објектите во Абкак и Кураис ги оцени како тест за волјата на светската заедница да го зачува меѓународниот поредок и следната недела на Генералното собрание на ОН ќе се обиде да оформи обединет фронт по тоа прашање.

Македонизмот често е мистика и точка на недоразбирање и меѓу Македонците и на Македонците со другите народи во и околу Македонија.

повеќе

Хрватскиот музичар и кантавтор Дадо Топиќ уште во далечната 1973 година во неговата култна песна „Македонија" ја опиша нашата татковина како „земја каде сонцето вечно сјае".

повеќе

Одолговлекувањето на истрагата за случајот „Рекет" е тесно поврзана со политичките проценки за тоа до каде може да се оди во тактиката „жртва за квалитет".

повеќе