Саудиска Арабија: Нашата политика не е сменета, немаме врска со Израел

Носителите на израелски пасош не можат да патуваат во Саудиска Арабија, изјави саудискиот министер за надворешни работи, пренесе Си-ен-ен, по информацијата која ја објави Израел дека неговите државјани можат да патуваат во блискоисточната монархија.

Во неделата израелскиот министер за внатрешни работи Ари Дери објави дека „за првпат ја потпишал одлуката според која Израелците можат да патуваат во Саудиска Арабија“, што беше сфатено како нов знак на приближување на двете регионални сили, сојузници на Соединетите Американски Држави и противници на Иран.

„Нашата политика не е сменета, немаме врска со државата Израел и носителите на израелски пасоши засега не можат да патуваат во монархијата“, кажа саудискиот министер за надворешни работи, принцот Фејсал бин Фархан ал Сауд, во разговор за Си-ен-ен, пренесе реадкцијата на американската мрежа на арапски јазик.

Одлуката на израелските власти треба да овозможи издавање дозволи за патување во Саудиска Арабија „во верски цели, за муслиманските аџилаци, и за учество на бизнис состаноци и во потрага по инветиции“.

Ријад нема официјални дипломатски врски со еврејската држава. Арапските земји како услов за нормализација на односите со Израел го поставија решавањето на палестинското прашање.

„Мислам дека за прашањето за влегување на Израел во регионалните односи ќе се разговара кога Палестинците и Израелците ќе потпишат мировен договор“, додаде шефот на саудиската дипломатија, не сакајќи да ја коментира иницијативата на американскиот претседател Доналд Трамп, наведува Си-ен-ен.

Брегзитот, односно напуштањето на Велика Британија на ЕУ, без сомневање ќе влијае врз градењето на новата политичка архитектура во Европа, со нова поделба на интересни зони на стариот континент.

повеќе

Германската канцеларка Ангела Меркел, меѓу другите, беше гневна; Балканот помодре од бес. ЕУ сега се обидува да го натера Макрон да го тргне ветото пред Европскиот самит во март.

повеќе

Мојата заложба е конечно законите и прописите наместо инструмент за спроведување лични интереси, да ја добијат вистинската функција, заштита на интересите на граѓаните. За жал...

повеќе