Според Вол стрит џурнал

„Саудиска Арабија му ветила на Хафтар десетици милиони долари за офанзивата на Триполи“

Саудиска Арабија му ветила на командантот на меѓународно непризнаената Либиска национална армија Калифа Хафтар финансиска помош од десетици милиони долари за офанзивата на Триполи, објави Вол стрит џурнал.

Неколку дена пред либискиот командант Калифа Хафтар да ја почне офанзивата за заземање на главниот град како обид да ја обедини поделената земја под негова власт, Саудиска Арабија му ветила десетици милиони долари за операцијата, рекле високи советници на саудиската влада.

Хафтар понудата ја добил во Ријад, кога се состанал со саудискиот престолонаследник Мохамед бин Салман, како и со шефот на разузнавачката служба и министерот за внатрешни работи.

Хафтар ја почна офанзивата на Триполи на 4 април, а според Светската здравствена организација, во борбата меѓу силите лојални на Хафтар и либиската војска управувана од владата во Триполи во последните неколку дена во главниот град на Либија и неговата околина загинале 47 лица, а 181 се повредени.

Кина му дава на регионот нова надеж додека сонот за ЕУ се распаѓа, вели Политико.

повеќе

Северна Македонија стана кандидат 9 години пред Албанија и нема ништо лошо побрзо и да оди напред.

повеќе

Сега, додека балканскиве политичари ќе шетаат низ духовноста како волови во свила - каде им се врвните интелектуалци што би внеле елеганција во совладување на споровите?

повеќе