Постигнат договор

Саудиска Арабија ќе ја укине тригодишната блокада на Катар

Кувајт денес објави дека Саудиска Арабија ќе ја укине повеќегодишната блокада на Катар и ќе ги отвори границите кон таа земја, што е прв чекор кон завршување на кризата во Персискиот Залив.

EPA-EFE

Министерството за надворешни работи на Кувајт наведе дека Саудиска Арабија вечерва ќе ги отвори воздушната, копнената и морската граница кон Катар, пренесе државната кувајтска новинска агенција.

„Договорено е да се отворат воздушниот простор, копнените и поморските граници меѓу државата Катар и кралството Саудиска Арабија, почнувајќи од вечерва“, наведе министерот за надворешни работи на Кувајт, Ахмед Насер ал Мохамед ал Сабах, додавајќи дека е постигнат договор за дијалог за решавање на сите прашања меѓу Доха и Ријад.

Кувајт е посредник меѓу Катар и четирите арапски земји кои кон средината на 2017 година воведоа ембарго против таа земја, тврдејќи дека Доха поддржува исламистички групи во регионот и дека одржува блиски врски со Иран.

Објавата за укинување на саудиската блокада доаѓа пред утрешниот самит на лидерите на арапските земји од Персискиот Залив.

Се очекува лидер на Катар да присуствува на самитот за првпат од воведувањето на блокадата.

Саудиска Арабија, Обединетите Арапски Емирати, Бахреин и Египет на 5 јуни 2017 година го обвинија Катар дека поддржува терористички групи, и ги прекинаа сите дипломатски односи со оваа земја и воведоа економско ембарго.

Катар ги отфрли сите обвинувања на тие земји, а дојде и до криза во Заливот. Кувајт од почетокот посредува за да се постигне решение.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Европа е решена да се ослободи од меката моќ на Москва (енергенсите), а и на дипломатско поле сака да и стави до знаење дека и за неа ќе има „црвени линии“. 

повеќе

Незабележливите разлики во нашето однесување кои се дел од психолошката манипулација на социјалните мрежи се предизвикани од надзорниот капитализам и ја нарушуваат демократската култура и личната автономија.

повеќе

После десетици години се решава холдингот, неданочните давачки и царинските тарифи значајни за бизнисот.

повеќе