Предлогот едногласно отфрлен

Саудиска Арабија ја уцени ЕУ да попушти

Членките на Европската Унија вчера едногласно го отфрлија предлогот на црната листа да ја стават Саудиска Арабија и четири американски територии поради лабавата контрола врз финансирањето на тероризмот и перењето пари, објави агенцијата Ројтерс, цитирајќи извори.

Саудиска Арабија, голем увозник на оружје и стока од ЕУ, лобираше против тоа да биде означена како држава „од висок ризик“, како што предложи Европската комисија.

Претставниците на земјите-членки на ЕУ на состанокот во Брисел вчера усвоија соопштение во кое Ројтерс имал увид, а кое треба следната недела да биде формално усвоено од министрите за правда и за внатрешни работи.

„Не можеме да го поддржиме актуелниот предлог, кој не е заснован на транспарентен и веродостоен процес, што ги поттикнува тие земји да преземат одлучна акција, истовремено почитувајќи го нивното право да се слушне нивното мислење“, се вели во соопштението.

Одделот за финансии на САД исто така се спротивстави на предлогот, велејќи дека процесот на ставање на список е „погрешен“ и негирајќи го опфаќањето на териториите на САД - Американска Самоа, американски Девствени Острови, Порторико и Гуам.

До блокадата дојде откако саудискиот крал Салман им испрати писма на сите лидери на ЕУ барајќи од нив повторно да размислат за ставање на Ријад на листата, објави Ројтерс.

Вбројувањето на саудиското кралство „ќе му наштети на неговиот углед и ќе создаде тешкотии во трговијата и инвестициите меѓу кралството и Европската Унија“, напишал кралот Салман.

Еден дипломат за Ројтерс рекол дека саудиското лобирање се интензивирало на самитот на ЕУ и лидерите на Арапската лига претходно оваа недела во одморалиштето Шарм ел Шеик во Египет.

Британската премиерка Тереза Меј зборуваше за тоа на самитот со саудискиот крал, а Велика Британија и Франција ја предводат групата на членки на ЕУ што се противат кралството да биде ставено на листата, рекол дипломатот.

Дипломатскиот притисок продолжи и во средата, кога сите амбасадори на ЕУ во Саудиска Арабија беа поканети на состанок во Министерството за финансии на разговори околу ова прашање, рече дипломатот на ЕУ.

Ријад се заканил дека ќе го прекине контактот со земјите на ЕУ ако листата биде одобрена, пишува Ројтерс.

„Извадија баш силни адути“, рекол друг дипломат.

Црната листа за прв пат беше усвоена од комесарката за правда на ЕУ, Вера Јурова, на 13 февруари, во согласност со новите правила на ЕУ за спречување на перење пари и во рамките на процесот договорен со земјите на ЕУ од минатото лето.

Одлуката беше донесена во моменти кога Саудиска Арабија се соочува со зголемен меѓународен притисок поради убиството на саудискиот новинар Џамал Хашоги во конзулатот во Истанбул на 2 октомври.

САД денес остануваат држава со најнапреден систем на високо образование во светот, со најголем број на научни публикации, инвестиции во наука, патентирање на иновации и на добитници на Нобелова награда.

повеќе

(Реакција на колумната на Наум Кајчев, „За Гологанови и нашата заедничка историја“, 15 септември 2019, МКД.мк)

повеќе

Деликатна јазична авантура е ако се излезе од основното и утврдено значење на зборовите и се прејде во сферата на жаргонот и колоквијалноста.

повеќе