Саудиска Арабија и арапската коалиција го уништија главниот град на Јемен (ВИДЕО)

Арапската коалиција предводена од Саудиска Арабија ги засили денес воздушните напади врз Јемен и го уништи главниот град Сана, јавуваат агенциите.

Засилените напади се одговор на јакнењето на власта на бунтовничкото движење Хути во главниот град, откако го убија поранешниот јеменски претседател и својот поранешен сојузник Али Абдула Салех во понеделникот. Денес беа извршени десетици воздушни напади врз клучни позиции на хутите, при што Сана беше уништена.

Саудиска Арабија и нејзините сојузници го бомбардираа Јемен еден ден откако синот на Салех вети дека ќе ја предводи кампањата против проиранските бунтовници хути. „ Ахмед Али, веројатнiот наследник на Салех и поранешен лидер на елитната Републиканска гарда, ѝ дава на страната спротивставена на хутите потенцијална лидерска фигура“, пишува Ројтерс.

Салех на движењето Хути му помогна да го освои поголемиот дел од северот на земјата, вклучувајќи го и главниот град Сана, а неговата одлука да ја смени страната претставува најдраматична промена во неколкугодишната граѓанска војна.

ОН војната во Јемен ја нарече најлошата хуманитарна криза во светот. во борбите досега се убиени над 10.000 луѓе, а повеќе од два милиони се раселени. Речиси милион луѓе се погодени од епидемијата на колера и гладот кој се заканува на поголемиот дел од земјата.

На Водно навистина не му треба сега и жичарница нова да се гради.

повеќе

Неконтролираниот политички развој, кој создаде пет парламентарни партии на етничките Албанци, ја прави нестабилна политичката ситуација не само кај aлбанскиот блок, туку и на ниво на државата. 

повеќе

Програмата за реформа на управувањето со јавните финансии 2018-2021 се носи во екс-пост заробена држава каде тензиите помеѓу администрацијата, економските агенти, клиентите и општеството се големи.

повеќе