Саудиска Арабија егзекутирала 37 лица, еден распна за злосторства поврзани со тероризам

Саудиска Арабија егзекутирала 37 мажи осудени за злосторства поврзани со тероризам, објави денес официјалната новинска агенција на кралството, пренесе Си-ен-ен.

Еден од осудениците беше распнат, според изјавата на Министерството за внатрешни работи што ја пренесе агенцијата Сауди прес (СПА).

„Смртната казна беше извршена на голем број криминалци поради прифаќањето на екстремистички терористички идеологии и формирање терористички ќелии со цел да ја корумпираат и нарушат безбедноста, како и поради ширење хаос и предизвикување секташки судири“, се вели во Твит на СПА.

Во соопштението се наведени имињата на 37 саудиски државјани кои биле егзекутирани во различни делови на земјата. Саудиска Арабија ја има една од највисоките стапки на смртни казни во светот.

Во јануари 2016 година Саудиска Арабија ја изврши најголемата масовна егзекуција, кога беа убиени 47 лица, вклучувајќи го и истакнатиот шиитски лидер Нимр ал Нимр. Егзекутираните затвореници се обвинети за тероризам и екстремистичка идеологија.

Откако принцот Мохамед бин Салман првпат се појави на политичката сцена на кралството во 2015 година, интензивно ги задушува несогласувањата. Својата политичка кариера ја започнал како министер за одбрана и во 2017 година бил именуван за престолонаследник.

Рециклирањето можеби ни се чини како спас за природата, но најчесто е спасение само за нашата (валкана) совест.

повеќе

Културата на победништво од нашите епски и херојски денови тотално ги уназади овие општества во 20 век, вели Миљенко Јерговиќ во интервју за Бука.

повеќе

Запрашајте се, о, вие, бездарници анационални што направивте!

повеќе