Ќе добијат пасоши

Саудијките од сега ќе можат да патуваат без одобрување на машки „старател“

На саудиските жени во иднина ќе им биде дозволено да добијат пасош и да патуваат во странство без согласност од машки „старател", соопшти владата во четвртокот, прекинувајќи го ограничувањето кое предизвикуваше меѓународна осуда и предизвика екстремни обиди за бегство од кралството.

Едно од низата владини решенија објавени во службен весник предвидува саудиски пасош да се издаде на секој граѓанин кој ќе аплицира за тоа, и дека на ниту едно лице постаро од 21 година не му е потребна дозвола за патување, без оглед на полот.

„Пасош ќе биде издаден на секој саудиски државјанин кој ќе го побара“, објавија медиумите во оваа монархија.

Новото правило ќе важи за жените кога ќе наполнат 21 година.

Со измените на регулативата, на жените за прв пат им се дава право да регистрираат раѓање на дете, брак или развод и да им се издаваат службени семејни документи, како и дека можат да бидат старателки на малолетни деца.

Ријад долго време трпи меѓународни критики поради статусот на жените, за кои организациите за човекови права велат дека честопати се третираат како граѓани од втор ред, според правилата, кои бараат во текот на целиот живот, без оглед на возраста, да им е потребна согласност од машки старател за важни одлуки.

Македонија во НАТО е заслуга на сите политички партии од  осамостојувањето на земјата, а не само ДУИ.

повеќе

„Каде да летнеме викендов е пристап што како таков повеќе нема да постои“...

повеќе

Зголемувањето на парите за финансирање на партиите не помагаат во поттикнувањето на политичката активност на граѓаните, туку веројатно и делуваат контрапродуктивно, зголемувајќи ја недовербата во партиите и политичарите.

повеќе