Саудијците го отфрлија американскиот извештај дека принцот престолонаследник го одобрил убиството на Кашоги

Саудиска Арабија целосно го отфрли американскиот извештај во кој престолонаследникот Мохамед бин Салман се обвинува дека стои зад убиството на новинарот Џамал Кашоги во 2018.

EPA-EFE

„Владата на Саудиска Арабија целосно ги отфрла лажните и штетни заклучоци содржани во извештајот кој се однесува на лидерството на Кралството и не може да ги прифати во никој случај“, објави саудиското министерство за надворешни работи во соопштение.

„Американскиот извештај содржи погрешни заклучоци и информации“, се додава.

Во соопштението се истакнува дека „навистина несреќна околност е што извештајот, со неоправдани и погрешни заклучоци, е објавено додека Кралството јасно го осудува одвратното злосторство а неговите лидери преземаа посебни мерки за да гарантираат таква драма никогаш повеќе да не се случи“.

Министерството истакнува дека „партнерството на Саудиска Арабија и САД е цврсто и силно и засновано на децениите меѓусебно почитување“.

„Се надеваме дека партнерството ќе продолжи на тие исти темели“, се додава.

Во извештајот на американската разузнавачка агенција од кој вчера беше тргната ознаката за тајност се наведува дека саудискиот принц престолонаследник Мохамед бин Салман ја одобрил операцијата за фаќање или убиство на новинарот Кашоги кој критички пишуваше за кралското семејство и на крајот беше убиен.

Кашоги имаше дозвола за престој во САД, а во колумните за Вашингтон пост остро ги критикуваше политиките на Бин Салман.

Беше убиен на 2 октомври во саудискиот конзулат во Истанбул од страна на тим специјалци поврзани со саудискиот принц. Неговото тело наводно било распарчено, а остатоците никогаш не беа најдени.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Во чест на Меѓународниот ден на трудот, вреди да се разгледа состојбата со работничките права во државата, да се направи краток осврт на изминатата година и да се согледа што може да се направи за да се насочат работите кон подобро.

повеќе

Таквиот вид на анахрон национал-романтизам, со речиси апологетски однос кон окупаторската политика на Бугарија во Втората светска војна, штетна е за хармонизација на односите на Балканот, пред сѐ на Бугарија со РСМ, но и со Србија.

повеќе

Некогаш да градиш на три континенти, а денес да не ја градиш сопствената држава.

повеќе