Сатиричниот весник Ле канар оншен добил терористичка закана: „Вие сте наредните“

Францускиот сатиричен весник Ле канар оншен (Окована патка) добил закана дека сега „нему му е редот“, и тоа еден ден по масакрот во редакцијата на Шарли ебдо, поради што полицијата ја засилила заштитата на тој француски сатиричен весник и отворила истрага за заканите.

Во заканувачката порака пишува „Вие сте на ред“ и се објаснува дека новинарите ќе бидат „распарчени со секира“, пишува весникот во својот најнов број.

Весникот ги добил заканите уште на 8 јануари, еден ден по нападот на Шарли ебдо во кој беа убиени 12 карикатуристи, новинари и полицајци.

Ле канар оншен, кој излегува во среда, за оваа недела го одбрал слоганот „Слободата на печатот се троши само ако не се користи“, а на насловната страница ќе пишува „Кабу (еден од убиените карикатуристи) порачува: Дечки, не давајте да ве заколат“.

Македонските граѓани конечно го гледаат крајот на илузијата што им се продава од осамостопјувањето до денес.

повеќе

Министерот за финансии не треба да е кум, баџанак, шура, братучед или самиот тој, бидејќи треба да даде отпор на честите политички, но не и економски барања на членовите на владата.

повеќе

Зрелоста на еден народ е да препознае кога протестите за замена му ги продаваат како протести за промена. 

повеќе