Сателитските повици не дошле од исчезнатата аргентинска подморница

Сателитските повици кои аргентинската морнарица ги детектираше за време на викендот не потекнуваат од оваа подморница, изјави портпаролот Енрике Балби.

Според него, последниот сигнал од подморницата е испратен во средата, пренесе Ројтерс.

Аргентинската морнарица вчера детектираше седум кратки сателитски повици, за кои официјалните лица веруваа дека доаѓаат од исчезнатата подморница во која има 44 членови на екипажот.

Повиците траеле од 36 секунди до четири минути.

Балби во саботата рече дека областа на пребарување двојно е зголемена заради загриженоста за судбината на екипажот и подморницата.

Властите последниот контакт со подморницата го имале во средата, додека пловеле од пристаништето Ушуаја до Мар дел Плате.

Претседателот на Аргентина Маурисио Макри на Твитер изјави дека Аргентина ќе ги користи сите домашни и меѓународни ресурси неопходни за пронаоѓање на подморницата.

На Водно навистина не му треба сега и жичарница нова да се гради.

повеќе

Неконтролираниот политички развој, кој создаде пет парламентарни партии на етничките Албанци, ја прави нестабилна политичката ситуација не само кај aлбанскиот блок, туку и на ниво на државата. 

повеќе

Програмата за реформа на управувањето со јавните финансии 2018-2021 се носи во екс-пост заробена држава каде тензиите помеѓу администрацијата, економските агенти, клиентите и општеството се големи.

повеќе