Сателитските снимки докажуваат дека ракетната база Јеонгџео Донг сѐ уште е активна и дека константно се надградува. Самата база одамна им е позната на американските разузнувачи, меѓутоа снимките откриваат изграда на нов објект одалечен неколку километри, потврдиле истражувачите на институтот Мидлбери.
„Сателитските снимки покажуваат дека базата е активна. Освен тоа, Северна Кореја во изминатата година значително го проширила придружниот објект. Изгледа дека станува збор за уште една ракетна база“, се тврди во извештајот. Истражувачите на институтот не се сигурни дали станува збор за две одвоени бази или едната ја опслужува другата.
„Изградбата продолжила дури и по јунската средба на Трамп и Ким во Сингапур. Без оглед на тоа што Ким зборува за својата наводна желба за денуклеаризација, Северна Кореја продолжува да произведува нуклеарно оружје“, тврдат од американскиот институт.