Сателитски слики го покажуваат уништувањето по нападот во Сирија (ФОТО)

Си-ен-ен објави сателитски снимки што го покажуваат уништувањето по нападот на цели наводно поврзани со хемиско оружје во Сирија.

„Сирија соопшти дека на некои од целите воопшто нема штета. Се чини дека сателитските снимки што ги добивме го покажуваат токму спротивното - голема штета“, пишува Си-ен-ен.

Министерството за одбрана на САД во саботата објави карта за која рече дека ги покажува нивните три сириски цели, наводно поврзани со хемиско оружје. Си-ен-ен им ја дал оваа карта на две сателитски компании, Диџитал глоуб и Планет.

Сателитските слики што компаниите му ги дале на Си-ен-ен покажуваат значителна штета на гаѓаната инфраструктура. Портпаролката на Пентагон, Дејна Вајт, во саботата рече дека „секоја цел беше успешно погодена во нападите“. Русија објави дека Сирија со рускиот систем за противвоздушна одбрана соборила 71 од 103 истрелани ракети.

Сириската државна телевизија објави дека ракетите што го гаѓале Хомс се соборени и дека не предизвикале никаква штета. Сепак, сателитските слики на Диџитал глобус покажуваат значителна штета на две локации во Хомс, пишува Си-ен-ен. Левите слики се од петокот, а десните од саботата.

Министерството за одбрана на САД изјави дека се погодени три цели: истражувачки центар за хемиско оружје во близина на Дамаск, магацин за хемиско оружје во близина на Хомс и уште еден магацин за хемиско оружје, како и важно командно место во близина на Хомс.

Во воздушните напади целосно е уништен истражувачкиот центар за хемиско оружје Базрах, во близина на Дамаск, за кој Сиријците рекоа дека бил центар за лекови. Новите сателитски слики на Планет покажуваат дека оваа зграда е срамнета со земја, вели Си-ен-ен.

„Ги исполнивме нашите цели. Ги погодивме целите, центарот на програмата за хемиско оружје. Така, мисијата е остварена“, изјави портпаролката на Пентагон.

Причината за загриженост не е дали ЕУ успева да создаде функционални и стабилни земји или не, туку тоа што ангажманот на ЕУ во регионот води кон губење на кредибилитетот на Унијата како меѓународен актер и кон неуспех на нејзината Заедничка надворешна и безбедносна политика.

повеќе

Зошто егзистирањето на Северна Македонија „во духот на Преспанскиот договор“ ќе значи фактичко постоење на една орвеловска држава?

повеќе

Како граѓани на независна и суверена Република Македонија веќе се навикнавме постојано да живееме во секојдневни тензии и стресови.

повеќе