Бившиот француски претседател

Саркози осуден на три години затвор поради корупција

Поранешниот француски претседател Никола Саркози и двајца негови поранешни соработници се осудени на три години затвор - од кои две условно - за корупција.

Фото: ЕПА

66-годишниот Саркози беше прогласен за виновен за обид за поткуп на судијата Жилбер Азибер, кому му нудел престижна работа во Монако, во замена на информации за кривична истрага за неговата политичка партија.

Поранешниот адвокат на Саркози, Тиери Ерзог, и Азибер ја добија истата казна.

Саркози може да ја отслужи казната дома.

Во пресудата судијата рече дека Саркози може да одлежи домашен притвор. Се очекува поранешниот претседател да поднесе жалба.

Ова е значајна пресуда во повоена Франција, вели Би-би-си. Единствениот преседан беше судењето на десничарскиот претходник на Саркози, Жак Ширак, кој доби двегодишна условна казна во 2011 година, бидејќи организирал лажни работни места во Градското собрание на Париз за политички сојузници кога бил градоначалник на Париз. Ширак почина во 2019 година.

Обвинителите бараа четиригодишна затворска казна за Саркози, од која половина би била условно.

Случајот се фокусираше на разговорите помеѓу Азибер и Ерзог, кои беа снимени од истражителите што ги испитуваа тврдењата дека Саркози прифаќал нелегални плаќања од наследничката на Лореал, Лилијан Бетенкур, за неговата претседателска кампања во 2007 година.

На Саркози треба да му се суди и во друг случај, од 17 март до 15 април, кој се однесува на таканаречената афера „Бигмалион“. Саркози е обвинет за лажно претерано трошење во неговата претседателска кампања во 2012 година. Тој беше претседател од 2007 година - но неговиот кандидат за реизбор во 2012 година беше неуспешен.

Како и да е, тој останува популарен во десничарските кругови, една година пред претседателските избори, вели Би-би-си.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Јане бил свесен дека деновите му се одброени и отворено говорел за тоа. Знаел дека многумина имаат причина да го ликвидираат, дека им пречи во остварувањето на нивните „повисоки цели“.

повеќе

Во македонскиот интернет простор постојано се појавуваат и гаснат портали, со што засекогаш исчезнуваат и објавените содржини.

повеќе

Пред неколку недели се наврши една година од почетокот на пандемијата. Ковид-19 ги разоткри системските проблеми во здравствениот систем и другите институционални гранки на Косово.

повеќе