Големо срце

Сараевски имам им нуди засолниште од студот во џамија и на верниците и на неверниците (ФОТО)

Сараевскиот имам Мухамед Велиќ ги повика за време на големите студови сите луѓе кои немаат каде да се загреат да дојдат кај него во џамијата во Стара Брека во Сараево.

Овој потег одушеви многумина на социјалните мрежи. Тој ги повика сите да дојдат во џамијата да се загреат:

„Бидејќи деновиве е исклучително студено, исто како и минатата година, повторно ги покануваме луѓето кои немаат каде да се засолнат и загреат во топла просторија, дека можат да дојдат кај нас во џамијата Стара Брека (Сараево) и тука да се загреат. Овој повик важи за сите, без оглед дали се муслимани или не, верници или не! Нашата џамија е топла и доволно голема да ги прими луѓето на кои им треба топлина, мир и безбедност. Џамијата е постојано отворена“.

Измените во законот за минимална плата е трул компромис меѓу социјал-демократите и бизнис-лобито во Владата.

повеќе

Македонската јавност е во исчекување од најавата на министерот Оливер Спасовски дека МВР ќе ги истражува сите агенции за обезбедување поради поврзаност со рекетарство.

повеќе

Сите овие промашувања на Груевски имаат едно заедничко - дирекно ја загрозија државноста на Република Македонија.

повеќе