Во говорот во ОН

Санкциите се американскиот начин на војна, рече иранскиот претседател

Новиот ирански претседател Ебрахим Раиси ги осуди американските санкции воведени против неговата земја, наведувајќи дека тие се нов начин на војна.

Фото: ЕПА

Тој им се обрати на учесниците на седницата на Генералното собрание на ОН преку видеопорака од Техеран, додека околу 100 шефови на држави и влади присуствуваат на состанокот во Њујорк во живо.

Раиси го опиша присуството на Соединетите Држави во регионот на Блискиот Исток како „недостиг од разум“, што е штетно за „угнетените луѓе, од Палестина и Сирија до Јемен и Авганистан, како и за американските даночни обврзници“.

Санкциите против Иран, продолжи тој, „се новиот начин на војна на САД со народите во светот“, и злосторство против човештвото, особено санкциите за лекови во време на пандемијата на ковид-19.

Раиси предупреди дека ИСИС нема да биде последниот бран на екстремизам и изјави дека корените на тероризмот се во кризите како што се идентитетот и економијата: „фактот дека модерните животи се лишени од значење и духовност, како и ширењето на сиромаштијата, дискриминацијата и угнетувањето, помогнаа во порастот на тероризмот“.

Тој нагласи дека „окупаторскиот ционистички режим“ е организатор на најголемиот државен тероризам чија агенда е колење жени и деца во Газа и Западниот брег.

Таканаречениот „договор на векот“ пропадна исто како и секој друг договор што им беше принуден на Палестинците, рече тој и порача: „Има само едно решение: одржување референдум со учество на сите Палестинци од сите вери и етникуми, вклучително и муслиманите, христијаните и Евреите“.

Раиси, кој положи заклетва минатиот месец по изборите, рече дека Соединетите Американски Држави го загубиле кредибилитетот наметнувајќи ја својата хегемонија врз други земји.

„Денес на светот не му е гајле за 'Америка на прво место' или 'Америка се врати'“, рече тој, алудирајќи на паролите што ги користеа поранешниот американски претседател Доналд Трамп и сегашниот Џозеф Бајден.

„Во нашата одбранбена политика нема место за нуклеарки“

Во врска со нуклеарниот договор со Иран од 2015 година, формално познат како Заеднички сеопфатен план за акција (JCPOA), кој ги утврдува правилата за следење на иранската нуклеарна програма и го отвора патот за укинување на санкциите од ОН, Раиси побара да се спроведат меѓународните правила и ги повика сите страни да му останат верни на договорот.

Производството и складирањето атомско оружје е забрането во Иран со верски декрети, изјави Раиси: „за нуклеарките нема место во нашата одбранбена доктрина и политика на одвраќање“, а Иран, заклучи претседателот, е заинтересиран да има „голема политичка и економска соработка со остатокот од светот. Почна нова ера“.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Тешко е да се очекува дека ветото ќе биде туку-така тргнато. Дури и кога би се постигнал некаков договор, тоа би значело дека Македонија направила тешки и болни компромиси за да дојде до решение, имајќи ги предвид тврдите позиции на Бугарија.

повеќе

Лошите прогнози за инфлацијата и зголемувањето на цените на сите енергенси, не упатува кон еден заклучок - обновливите извори на енергија, заедно со вложувањето во самоодржливост и економијата на подарувањето сега се позначајни отколку кога и да е претходно.

повеќе

Неделава во Тирана за првпат 31 прехранбена и 6  дистрибутивни компании од регионов заеднички ќе настапат на саемот во организација на Коморскиот инвестициски форум кој го предводиме ние.

повеќе