Некогаш најмоќниот хрватски политичар

Санадер во третата постапка е ослободен од обвиненијата за воено профитерство

Поранешниот премиер на Хрватска и поранешен претседател на Хрватската демократска заедница (ХДЗ) Иво Санадер вчера на суд во Загреб, во повторена постапка, неправосилно беше ослободен од обвиненијата за воено профитерство во случајот Хипо.

EPA-EFE

Во претходните две постапки Санадер беше осуден, а пресудите во изминатите години ги уриваа повисоки судови.

Новата и прва ослободителна пресуда во случајот Хипо ја објави судијката на Жупанискиот суд во Загреб Саша Луи, откако минатата недела обвинителството и одбраната ги изнесоа завршните говори. Санадер од почетокот ја негира вината.

Обвинителството во аферата Хипо банка го обвинува поранешниот премиер дека, како заменик министер за надворешни работи, на крајот на 1994 и на почетокот на 1995, земал провизија во висина од 3,6 милион куни (478.000 евра) откако австриската банка на Хрватска ѝ одобрила кредит за купување на згради на дипломатски претставништва.

Санадер е осуден за воено профитерство, бидејќи сè се случувало за време на војната во Хрватска.

Првата пресуда во тој случај, која е изречена во споената постапка за примање мито во случајот Ина Мол, ја поништи уставниот суд во 2014.

Суд во Загреб во повторено судење го прогласи за виновен во октомври 2018 со заклучок дека со таквото однесување придонел на деструкцијата на системот и угледот на државата и ја искористил воената состојба за лично богатење.

Некогаш најмоќниот хрватски политичар се наоѓа во затвор од 2019 година. Кога Врховниот суд му ја зголеми казната за корупција во случајот Планинска на шест години затвор.

Санадер од функцијата премиер замина ненадејно, без објаснување се повлече во 2009, а потоа против него беа отворени низа истраги за корупција.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Почнавме со спротивставени мислења околу Законот за работни односи, со кој недела се прогласува за неработен ден. Завршивме на Уставен суд.

повеќе

Да ги споменеме и другите големи глобални предизвици: големите опасности од еколошка катастрофа; зголемувањето на нееднаквоста во нашите општества; и напливот на нови технологии кои можат да го нарушат светот доколку истите не бидат соодветно користени и контролирани.

повеќе

Им благодарам на Русите како креатори, но посебно на бугарските послушни  извршители за пропагандата што ја водат против Македонија. Што направија?

повеќе