Само 14 отсто од Европејците сакаат да се вратат во канцеларија по пандемијата

Само 14 отсто од Европејците сакаат по пандемијата да се вратат во канцеларија од 9 до 17 часот, а повеќе од половина од анкетираните велат дека се попродуктивни кога работат од дома, покажува новата анкета.

Но и „хибридната работа“ - мешавина од работа од дома и во канцеларија - исто така има свои недостатоци, а повеќе од една четвртина од испитаниците веруваат дека работат постојано или работат до доцна во ноќта, според истражувањето нарачано од Самсунг електроникс и фирмата Фјучр лаборатори.

Анкетата опфатила 14.000 луѓе низ дел од Европа и покажала дека 83 отсто од вработените бараат поголема поддршка од работодавецот за постигнување рамнотежа помеѓу работата и животот.

Според Евростат, во 2020 година, околу 12 отсто од вработените во Европската Унија работеле од дома, во споредба со 5 отсто од нив пред пандемијата.

„Работодавците сега мора внимателно да размислат како ќе одговорат на предизвиците на модерниот хибриден живот“, рече потпретседателот на Самсунг Европа, Бенџамин Браун.

Две третини од Европејците рекоа дека направиле - или планираат да направат - адаптации во домот за да го олеснат хибридниот живот и, на пример, си уредиле домашни канцеларии, додека 41 процент одлучиле да се преселат.

Исто така, 51 процент од испитаниците се изјасниле дека технологијата, односно алармите и разните апликации, го олеснуваат поставувањето граници меѓу работата и приватниот живот.

„Веројатно технологијата ќе го следи нашето ментално здравје и среќа, како и физичкото здравје, а паметните уреди ќе станат наши асистенти“, рече Меик Викинг, извршен директор на данскиот Институт за истражување на среќата, кој соработува со Самсунг на полето на иднината на работењето.

Tочната искористеност и капацитет на водните ресурси во државата e невозможно прецизно да се пресмета заради недостиг на континуирани хидролошки мерења и мониторинг на квалитетот на водите.

повеќе

Нам бизнисмените не ни требаат ниту уставни преамбули ниту некакви параграфи за да ги почитуваме Република Бугарија и нејзините граѓани. Ние некого почитуваме доколку прави профит, плаќа даноци и доколку е општествено одговорен.

повеќе

Зголемувањето на цените на храната се случува од причини кои се многу посложени отколку зголемувањето на другите цени, така што справувањето со тие причини бара различни стратегии. 

повеќе