Бајден-Путин

Самит во Женева: преговори во три дела, состанок во библиотека (ВИДЕО)

Помошникот на претседателот на Русија Јуриј Ушаков денес соопшти дека самитот на претседателите на Русија и Соединетите Држави, Владимир Путин и Џо Бајден, ќе почне во 13 часот по средноевропско време во Вила ла Гранж во Женева.

Вила ла Гранж, каде што ќе се одржи средбата. Фото: ЕПА

Путин ќе биде пречекан од претседателот на Швајцарија во Вила ла Гранж, а потоа ќе дојде Бајден, пренесува РИА Новости.

Ќе следува традиционалното заедничко фотографирање и обраќање на претседателот на Швајцарија, по што претседателите на Русија и на САД ќе преминат во библиотеката.

Ушаков рече дека преговорите ќе се состојат од три дела - прво во тесен, а потоа и во проширен состав, по што ќе следуваат одделни прес-конференции на двете страни.

За време на разговорите во тесен состав Путин ќе биде придружуван од министерот за надворешни работи Сергеј Лавров, а Бајден ќе биде придружуван од американскиот државен секретар Ентони Блинкен.

Ушаков рече дека не знае дали двајцата претседатели ќе сакаат да се повлечат настрана и да разговараат лице в лице и додаде дека тоа зависи од нив двајцата.

Покрај Ушаков и Лавров, во руската делегација ќе бидат и портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков, рускиот амбасадор во Соединетите Држави Анатолиј Антонов, началникот на Генералштабот на руските вооружени сили Валери Герасимов и рускиот заменик-министер за надворешни работи Сергеј Рјабков.

Поканети се и заменик-шефот на администрацијата на претседателот Дмитриј Козак и специјалниот претставник на претседателот за Сирија Александар Лаврентјев.

По самитот, Путин ќе се сретне со својот швајцарски колега, по што ќе се врати во Русија.

Легенда под Главна слика

Вила ла Гранж, каде што ќе се одржи средбата. Фото: ЕПА

Под менторство на овој истраен истражувач, научник и педагог, се развивале и се формирале многумина трудбеници и афирматори на македонското културно наследство.

повеќе

Ковидот нема да нѐ победи. Да зборуваме за раст и развој, за подобар и забрзан раст, за паметен и зелен развој.

повеќе

Размислуваме како можеме да ја заштедиме и заштитиме водата, но само додека немаме вода!

повеќе