Италијанскиот заменик-премиер

Салвини: Србија дел од ЕУ? Зошто да не, се сретнав со претседателот

Италијанскиот заменик-премиер Матео Салвини по гласањето на изборите за Европскиот парламент изјави дека идејата за влегување на Србија во ЕУ е „интересна“.

„Се сретнав со српскиот претседател, а тоа Србија да биде дел од Европската Унија е нешто што е географски, општествено и културно интересно. А Турција не, нема блага врска со тоа. Но проширувањето (на ЕУ) и интелигентното вклучување на некои од најблиските народи, зошто да не?“, рече Салвини.

Неговата Лига освои, според нецелосните податоци од избирачките места, 33,8 отсто од гласовите и ќе има најголем број италијански европарламентарци.

„Ти благодарам, Италијо. Првата партија на Италија ќе ја предизвика Европа“, вели веселиот Салвини во видеоклипот што синоќа го објави на Фејсбук.

Неопходно е да се допрецизира законот со што би се овозможило одреден дел од финансиски средства да се пренасочат кон делот на општествена одговорност на приредувачите на игри на среќа со цел подобрување на спортската инфраструктура.

повеќе

Тоталното разочарување од сите мејнстрим политички елити, вклучувајќи ги и зелените, континуирано води кон отуѓување на граѓаните, за што доказ е се помасовното бојкотирање на изборните процеси.

повеќе

Помина времето кога политиката беше „шаховска борба“ на политичките актери, која неретко се одвиваше далеку од очите на јавноста и беше доста неразбирлива за обичниот гласач. 

повеќе