Состојките не се 100 посто италијански

Салвини се закани со бојкот на Нутела поради турските лешници

Десничарскиот опозициски италијански лидер Матео Салвини се закани дека ќе ја бојкотира Нутела, бидејќи нејзините состојки не се 100 проценти италијански.

„Се предомислив затоа што дознав дека Нутела содржи лешници од Турција, па затоа повеќе би сакал да им помагам на компаниите кои користат италијански производи“, рече Салвини на еден собир.

Салвини сака јавно да ги истакнува своите навики во исхраната како дел од стратегијата на социјалните мрежи, а честопати на Твитер и Фејсбук ја промовира Нутела на фотографии со храна.

Во петокот, тој се опиша себеси како еден од најголемите потрошувачи на Нутела и запраша: „Кој се грижи за диетата?“

Тој ги повика Фереро и другите италијански компании да „набавуваат италијански шеќер, лешници, млеко“.

Фереро, производителот на Нутела, е најголемиот светски купувач на лешници, бидејќи италијанскиот принос на ова јаткасто овошје не е доволно за да се произведе светски популарниот крем. Ни сите италијански производители на тестенини не користат италијанска пченица затоа што Италија не ја произведува во доволни количини.

Фереро одби да одговори на забелешките на Салвини. На нивната веб-страница се вели дека тие лешници купуваат „претежно во Турција и Италија“, но исто така и во Грузија, Чиле, Јужна Африка и Австралија, како и дека промовираат општествено одговорно и одржливо одгледување.

Турција произведува 70% од лешниците во светот, по што следи Италија со 20 проценти, според податоците на Организацијата за храна и земјоделство (ФАО) на Обединетите нации.

Њујорк тајмс и други медиуми претходно објавија дека индустријата на лешници во Турција експлоатира деца, претежно сириски бегалци.

Матео Салвини ја предводи италијанската десничарска партија Лига чие мото е „Прво Италијанците“. Според анкетите на јавното мислење, Лига води со околу 32 проценти поддршка.

За преродба требаат само три чекора: промена на изборниот модел, укинување на мега и квази државниот апарат заедно со сите паразити во него и економски план за ревитализација на земјата.

повеќе

Нашиот капацитет за справување со општи кризи е ограничен. Дали здравството е немоќно, или ние не можеме да се прилагодиме на промени?

повеќе

 За базата во Ново Село, Бугарија не добива ни долар за закупнина, а отворени се и бројни прашања за животната средина.

повеќе