„Нова пролет во Европа“

Салвини сака Италија и Полска да се обединат за да изградат нова Европа

Италијанскиот потпретседател на владата, крајно десничар Матео Салвини, рече дека сака неговата земја и Полска ги здружат силите и да ја преобликуваат Европа и да се обидат да создадат евроскептичен сојуз, пред европските избори во мај.

„Полска и Италија ќе биде дел од новата пролет во Европа, ренесансата на европските вредности“, рече Салвини во Варшава, каде што беше примен од страна на полскиот министер за внатрешни работи Јоаким Бруџински, пренесе Ројтерс.

Состанокот е одржан на иницијатива на Бруџински, кој вели дека тие двајцата разговарале за мигрантската криза и безбедноста на европските граници.

Салвини рече дека разговарале и за соработката меѓу Полска и Италија за изградба на нов континент.

Тој истакна дека „Европа која ќе добие свој облик во јуни (по изборите во мај)“ ќе биде различна од оваа сегашната со која управуваат бирократи.

Салвини во текот на денот во Варшава ќе се сретне и со шефот на владејачката полска партија Јарослав Качински за и со него да разговара за новиот евроскептичен сојуз.

Салвини, кој е на чело на италијанската анти-имигрантска партија Лига, во неколку наврати ја критикуваше ЕУ и истакна дека изборите во мај ќе бидат од клучно значење за создавањето на „реформистички“ блок, кој може да ги обнови бриселските институции од внатре.

Во дипломатијата како гранка од јавно политичкиот живот професионалните кадри треба да бидат повеќе застапени од политичките.

повеќе

Апелирам до лидерите на партиите да не им „помагаат" на кандидатите.

повеќе

Во ерата во која сите напредни земји во светот престануваат со употреба на фосилни горива, ние отвораме нови наоѓалишта, наоѓаме оправдување за исцрпување на необновливите ресурси и за активирање на најголемата глобална закана за морската биолошка разновидност.

повеќе