Салвини сака да ја урне владата и да биде нов италијански премиер

Претседателот на десничарската Лига Матео Салвини, кој повика на распуштање на парламентот и свикување вонредни парламентарни избори во Италија, се соочи со растечки отпор вчера бидејќи му се противат поранешниот коалициски партнер Движење на пет ѕвезди и дел од лево центристичката опозиција.

Крајно десничарската Лига на Салвини во петокот побара гласање за доверба на италијанската влада која ја сочинуваат, како изворно послаб партнер, неговата партија и популистичкото Движење на пет ѕвезди.

Салвини се надева на нови избори до октомври, на кои, според анкетите уверливо најсилна, Лига би освоила најмногу гласови и тој би станал премиер..

Неговиот план предизвика критики од другите партии, чија поддршка ѝ треба на Лига за да се изгласа недоверба на владата.

Поранешниот претседател на лево центристичката Демократска партија, Матео Ренци, кој сѐ уште има силно влијание врз најголемата опозициска партија, кажа вчера дека изборите, во време кога владата треба да почне подготовки за претставување на буџетот за следната година, би биле „лудост“.

Во интервју за весникот Кориере дела сера Ренци се заложи за техничка влада која би имала поддршка од партии од поширокиот политички спектар.

Тој го поддржа и предлогот на Движењето на пет ѕвезди, според кој бројот на пратеници во долниот дом и бројот на сенатори би се смалил за 345, пред новите избори.

Во моментот долниот дом на италијанскиот парламент има 630 пратеници, а горниот 315 сенатори.

Лидерот на Движењето на пет ѕвезди Луиџи ди Мајо кажа вчера дека предизвикување на нова криза на власта би било „глупаво и опасно“.

Иако Демократската партија, која е длабоко поделена однатре, и Движењето имаат различни ставови за многу прашања, аналитичарите предвидуваат приближување на двете партии, обединети во желбата да ги спречат плановите на Салвини, имајќи предвид дека тој би бил најверојатниот победник на новите избори.

Силите на антиглобализацијата веќе стануваат доволно моќни да и зададат значаен удар на светската економија. 

повеќе

Не се соочуваме со вооружен конфликт, туку со војна на мисли. Чувството на страв, несигурност или територија по самоубиствен напад, никогаш повеќе не можеш да го вратиш.

повеќе