Салвини: Не може Франција и Германија сами да одлучуваат за мигрантите

Не може Франција и Германија сами да донесуваат одлуки за миграциската политика „игнорирајќи ги барањата на земјите што се најизложени, Италија и Малта“, порача италијанскиот министер за внатрешни работи Матео Салвини во писмото до францускиот колега Кристоф Кастанер.

„Доста беше одлучување во Париз и Берлин. Италија веќе не сака да ги прифаќа сите мигранти што пристигнуваат во Европа“, укажа Салвини, шеф на екстремната десница во Италија.

Во писмото Салвини тврди дека на средбата во Хелсинки на министрите за внатрешни работи од земјите членки на ЕУ, повеќето министри имале сличен став со Италија околу прашањата за миграциската политика, меѓу кои неопходноста од заштита на надворешните граници на Унијата и на Шенген зоната.

На средбата во Хелсинки, Италија и Малта предложија создавање центри за привремен престој и идентификување на мигранти во земјите што се најблиски до оние од каде што тргнале на патот кон Европа.

Во Париз утре ќе се одржи нова средба на министрите за внатрешни работи од земјите на ЕУ.

Тоа што е многу поважно е дека се работи за ПРЕТХОДНА проверка, а не за post festum ветинг.

повеќе

Како што расте бројот на оние кои објавуваат непроверени, лажни и злонамерни информации, така се зголемува и бројот на медиуми кои работат со проверка на факти и се борат за вистината во јавниот простор преку одговорно истражување.

повеќе

Единствена работа за која ние граѓаните не плаќаме данок, е воздухот кој го дишеме.

повеќе