Италијанскиот вицепремиер

Салвини: Да го уништиме исламскиот фанатизам пред да биде доцна (ВИДЕО)

Италијанскиот вицепремиер и министер за внатрешни работи Матео Салвини изјави дека „постојат цело европски градови, како Манчестер, Лондон, Ротердам, Брисел и Келн, во кои директно се спроведува исламскиот закон“, пренесуваат агенциите.

„Или ќе го поразиме исламскиот фанатизам сега или ќе ризикуваме да стане предоцна, да имаме калифат во Европа“, кажа ултрадесничарот Салвини, кој ја предводи кампањата на италијанските ултрадесничари за изборите за Европскиот парламент.

Италијанската агенција АНСА пренесува дека тој ова го кажал одговарајќи на прашање за ризикот од исламизација на Европа, кое му било поставено на изборен собир во Италија.

Деликатна јазична авантура е ако се излезе од основното и утврдено значење на зборовите и се прејде во сферата на жаргонот и колоквијалноста.

повеќе

Плаќањето на вработените на час наместо месечно помага да се зголеми нивната плата со тоа што ќе се вреднува работното време поефикасно.

повеќе