Досегашниот потпретседател на Авганистан

Салех: Не ги признавам талибанците, нема да се предадам

Доскорешниот авганистански потпретседател и самопрогласен претседател на таа земја Амрулах Салех (48) порача дека никогаш нема да им се предаде на талибанците, чија власт не ја признава.

EPA-EFE

Претседателот на Авганистан Ашраф Гани ја напушти земјата неколку часа пред талибанците без борба да ја преземат контролата над главниот град Кабул на 15 август.

Салех, кој до тогаш беше потпретседател на државата, замина во провинцијата Панџшир и два дена подоцна се прогласи за легитимен наследник на Гани.

Со поддршка од синот на народниот херој Ахмад Шах Масуд, кој беше убиен пред 20 години, Салех сега ја користи долината во Панџшир како база од која организира движење на отпор против исламистите од Кабул, пренесува германски Шпигл. Паралелно во тек се разговори во Кабул меѓу членови на бившата влада и талибанците.

Салех ѝ испратил писмо на новинарката на Шпигл Сузан Келбл преку апликацијата Ватсап од „безбедносни причини“, бидејќи телефонските повици, како што навел, се премногу опасни, бидејќи можат да се следат. На три страници Салех се осврнува на уривањето на владата на Гани и го предвидува падот на талибанците, нарекувајќи ја Америка „наивна“.

„Географски сме изолирани, но политички и морално Авганистан е со нас. Талибанците никогаш не верувале во политички договор. Ги искористија наивноста, слабоста и кратковидоста на Белата куќа и под Доналд Трамп и под Џозеф Бајден“, напишал, меѓу другото, Салех.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Зголемувањето на цените на храната се случува од причини кои се многу посложени отколку зголемувањето на другите цени, така што справувањето со тие причини бара различни стратегии. 

повеќе

Оние кои што најмногу сакаат карикатури засновани на црн хумор, имале највисоки мерки на вербалните и невербалните тестови на интелигенција, односно потребна е извесна интелигенција, добро расположение и смиреност да се препознае и ужива во црниот хумор, покажуваат истражувањата.

повеќе

Засега нема причина за паника, но треба внимателно да му пристапиме на наративот дека омикрон предизвикува лесна форма на КОВИД-19 која побрзо ќе доведе до крај на пандемијата.

повеќе