„Мед“ Мајк Хјуз

Сакаше да докаже дека Земјата е рамна, загина во ракета што самиот ја направил (ВИДЕО)

Рамноземјашот „Мед“ Мајк Хјуз загина во саботата откако лансираше ракета што ја направил самиот.

„Нашите мисли и молитви се со семејството на Мајк Хјуз, како и со пријателите во ова тешко време за нив. Неговиот сон отсекогаш беше да го изведе ова лансирање, а Саенс ченел беше таму за да го сними патувањето“, се вели во изјавата на Саенс ченел.

Каналот Дискавери пишува дека Хјуз требало да лансира ракета од домашна изработка како дел од серијалот „Домашни астронаути“.

Целта, според Дискавери, била да се направи ракета што ќе отиде сто километри во висина, до самиот раб на вселената.

Хјуз, патем, е познат по тоа што веруваше дека Земјата е рамна плоча. Тој се надеваше дека, според Би-би-си, ќе ја докаже таа своја теорија со одењето во вселената.

За преродба требаат само три чекора: промена на изборниот модел, укинување на мега и квази државниот апарат заедно со сите паразити во него и економски план за ревитализација на земјата.

повеќе

Нашиот капацитет за справување со општи кризи е ограничен. Дали здравството е немоќно, или ние не можеме да се прилагодиме на промени?

повеќе

 За базата во Ново Село, Бугарија не добива ни долар за закупнина, а отворени се и бројни прашања за животната средина.

повеќе