„Сакаш неволја? Ти прво! Дутерте ги предизвика САД да ја донесат својата флота и да ѝ објават војна на Кина (ВИДЕО)

Ако Вашингтон сака Филипините да се борат со Кина, американската војска треба да дојде и да го истрела првиот истрел, рече претседателот Родриго Дутерте, обвинувајќи ги САД дека ги користат своите сојузници како „мамка" за Пекинг.

„Секогаш Америка нѐ турка, нè поттикнува... не прави мамка. Што мислите дека се Филипинците, дождовни црви?“, рече Дутерте во говорот во провинцијата Лејтe во петокот, пренесе РТ.

„Сега велам, донесете ги вашите авиони, вашите бродови до Јужното Кинеско Море. Испукајте го првиот истрел и ние сме тука позади вас. Само напред, ајде да се бориме“, додаде тој. „Сакаш неволја? Добро, ајде да го направиме тоа“.

Забелешките следат откако владата на Манила се најде притисната помеѓу барањата на САД за построга позиција кон Кина и поморската експанзија на Пекинг во Јужното Кинеско Море, поточно на островите што Филипините ги тврдат како свои.

САД знаеја дека Кина ги гради островите, изјави претседателот пред публиката во Алангалан, по повод отворањето на фабрика за обработка на ориз, истакнувајќи дека американската морнарица ја има Седмата флота стационирана во Јапонија.

„Зошто не ја испратија до Спратли и кажаа ‘Еј момци, не треба да градите вештачки острови во отворено море, што е точно забрането со меѓународното право и факт е дека го градите во ексклузивната економска зона на нашиот пријател, на Филипините?“, запраша Дутерте. „Тие ги оставија да го изградат, сега сето тоа е таму. Сето оружје е таму, сите проектили се монтирани“.

„Никогаш не можеме да победиме во војна со Кина“, објасни претседателот во петокот. „Нема да им наредам на моите војници да одат во устата на пеколот за да умрат без борба. Неможам да го направам тоа“.

Плаќањето на вработените на час наместо месечно помага да се зголеми нивната плата со тоа што ќе се вреднува работното време поефикасно.

повеќе

Нема пазар доколку нема информации. Дајте ги информациите за пазарот на грозје.

повеќе