Индија

Сакале да направат селфи на брана, четворица мртви (ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО)

Тинејџер се лизнал под вода, повлекувајќи ги роднините со себе.

Страшна приказна од Индија, каде што членови на семејство што се обидувале да направат селфи на брана, се лизнале во водата, што резултирало со четворица загинати.

Меѓу загинатите е и 20-годишна нововенчана невеста и тројца нејзини роднини (различни медиуми известуваат за различни возрасти). Нејзиниот нов сопруг (25) преживеал и успеал да ја спаси својата сестра тинејџерка, јави Си-ен-ен.

Тие се држеле за раце и стоеле во вода длабока до половината, кога 14-годишникот, кој е меѓу загинатите, се лизнал, повлекувајќи го остатокот од групата под вода.

„Сакаа да направат селфи на ова место на браната и се лизнале“, рекол полицаец од јужната држава Тамил Наду, каде што се наоѓа браната Памбар. „Нивото на водата се зголемило додека тие биле тука“.

Од 259 „загинувања од селфи“ помеѓу октомври 2011 и ноември 2017 година, една студија открила дека 159 се случиле во Индија. Повеќето жртви на селфи се под 30-годишна возраст, а Индија има огромна популација на таа возраст.

ЕУ покажа дека не е во состојба да ги исполни ветувањата дадени пред скоро две децении во Солун и одлучи веќе да не се преправа.

повеќе

Кога политичарите сватија за каква моќна алатка се работи, час поскоро побрзаа да менуваат закони со кои „бомбите" нема да бидат докази.

повеќе

Брегзитот, односно напуштањето на Велика Британија на ЕУ, без сомневање ќе влијае врз градењето на новата политичка архитектура во Европа, со нова поделба на интересни зони на стариот континент.

повеќе