САД значително им го отежнува животот на невакцинираните војници и државните службеници

Џо Бајден донесе низа мерки за да ја поттикне вакцинацијата во Соединетите Држави, вклучително и задолжителна вакцинација за милиони вработени во сојузните служби, соопшти Белата куќа во четвртокот.

Фото: ЕПА

На вработените во сојузните служби кои не се вакцинирани нема да им биде дозволено да ги симнат маските дури и таму каде што циркулацијата на ковид-19 е слаба и ќе мора редовно да подлежат на тестови, еднаш или двапати неделно.

Тие исто така ќе бидат ограничени во патувањата, се вели во соопштението објавено воочи говорот на американскиот претседател.

Иако нема да има присилна вакцинација, ова е сепак голем пресврт за администрацијата на Бајден, која досега ја отфрли секоја мисла за присилна вакцинација, повикувајќи повеќе на лична одговорност и испраќајќи пораки за охрабрување.

Сојузната држава вработува 4 милиони луѓе, од кои 2 милиони се цивили.

Што се однесува до војската, американскиот претседател бара да размисли „како и кога“ може да ја додаде вакцината против ковид-19 на листата вакцини задолжителни за војниците.

Џо Бајден, исто така, ги повикува локалните власти да платат сто долари на секој што ќе се вакцинира, за што ќе можат да ги искористат вонредните средства одвоени за борба против пандемијата.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Дали и колку градовите им служат на интересите на своите граѓани (демократија) или на елитите кај кои се концентрира капиталот (авторитарност)?

повеќе

Освен тоа што муралите се моќно средство за комуникација, тие можат да бидат и предмет на манипулации, па и пропаганда, подигање тензии и продлабочување на недоразбирањата во БиХ.

повеќе

Процесот на донесување на буџетот ме потсетува на една изрека на поранешниот државен секретар на трезорот на САД, Џејкоб Лу (Jacob Lew) кој вели дека „Буџетот не е само колекција на бројки, туку израз на нашите вредности и аспирации“.

повеќе