САД воведоа нови санкции против Иран, и покрај повиците за сочувство поради силната епидемија на коронавирусот

Американското министерство за финансии наметна нови санкции против Иран, обвинувајќи повеќе ирански компании за помагање тероризам. Во меѓувреме, и Техеран и Обединетите нации повикаа на олабавување на санкциите поради пандемијата на коронавирусот.

Американското министерство за финансии денес казни 15 поединци и пет компании, обвинувајќи ги дека ги поддржувале и работеле за „единиците Кудс на Исламската револуционерна гарда“, која Вашингтон ја смета за терористичка организација. На листата се вклучени три градежни компании, една петрохемиска и една верска организација.

Новите санкции доаѓаат во момент кога бројот на жртвите на коронавирусот во Иран надмина 2.000. Речиси 30.000 луѓе се заразени од ковид-19 во Иран, една од најпогодените земји од вирусот во светот.

Како дел од кампањата на „максимален притисок“ против владата во Техеран, администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп наметна илјадници индивидуални санкции против Иран од повлекувањето од Иранскиот нуклеарен договор во 2018.

Во вторникот комесарката на Обединетите нации за човекови права Мишел Башеле повика на олабавување на овие казни поради актуелната пандемија.

„Од исклучителна важност е да се избегне крах на здравствениот систем на секоја земја – поради експлозивното влијание што ќе го има врз смртните случаи, маките и пошироката зараза. Во контекст на глобалната пандемија, ослабувањето на медицинските напори во која било земја го зголемува ризикот за сите нас“, порача Башеле во соопштение.

Американскиот претседател Доналд Трамп на почетокот на месецот понуди помош за Иран во справувањето со епидемијата на коронавирусот, доколку Техеран ја побара. Иранскиот претседател Хасан Рохан ја отфрли понудата, истакнувајќи дека американските санкции го попречуваат пристапот на Иранците до витална медицинска нега.

„Кога Американците велат дека се подготвени да му помогнат на Иран во борбата против коронавирусот, тоа е една од најголемите лаги во историјата. Ако сакаат да му помогнат на Иран, сѐ што треба да направат е да ги укинат санкциите“, порача иранскиот лидер во понеделникот.

Пандемијата на коронавирусот која го зафати целиот свет, не само што има огромно влијание врз јавното здравство, општеството и економијата како целина, туку предизвика пустош и во спортот.

повеќе

За транспортерите – благодарам, за мерките – итност, за компаниите надеж дека Владата ќе ги искористи сите ресурси на државата за да ги одржи во живот, без разлика на цената што треба да се плати за тоа.

повеќе

Пандемијата со коронавирусот започна во време кога довербата во институциите беше на рекордно ниско ниво. 

повеќе