„Не претставува одговор на некој настан во светот“

САД успешно тестираа далечинско лансирање на нуклеарна ракета со команда од воздух (ВИДЕО)

Военото воздухопловство на САД соопшти дека успешно ја тестирало новата балистичка интерконтинентална ракета (ИЦБМ) „Минитмен три“, која може да носи три нуклеарни боеви глави, лансирана далечински – со команда од командно место во воздух, во авион.

EPA-EFE

Невооружената ракета полетала вчера наутро од воздухопловната база Ванденберг во Калифорнија, прелетала 6.760 километри над Тихиот Океан и завршила во морето кај брегот на Маршаловите Острови.

За време на акцијата со која за време на летот се командувало од авион боинг Е-6, прилагодена верзија на боинг 707, експертите на американското воено воздухопловство меѓу екипажот на  тоа летало ја следеле работата на тој релативно нов вид на командување при далечинско лансирање на ракета.

„Минитмен три има 50 години, а продолжувањето на неговото тестирање е важно за да обезбедиме негова ефикасност до 2030 година, кога ќе го замени новата ракета ГБСД (Ground Based Strategic Deterrent)“, соопшти командата.

„Минитмен три“ од 2005 година е единствениот преостанат тип на нуклеарни ракети земја-воздух во американскиот нуклеарен арсенал. Инсталиран е во подземни силоси во три воени бази: во Вајоминг, Јужна Дакота и Монтана.

Нуклеарните ракети „трајдент“, наменети за гаѓање копнени цели, се инсталирани на подморници, а третиот и последен вид нуклеарно оружје на САД се бомбите кои ги носат стратегиските бомбардери.

Американското воено воздухопловство истакна дека тестот на ракетата е планиран пред повеќе месеци и дека не претставува „одговор или реакција на некој настан во светот или некои тензии во регионот“.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Практичната имплементација на владината стратегија „едно општество за сите“, која на хартија има добри намери, е засенета од неуспешната борба против корупцијата и организираниот криминал.

повеќе

Веќе четврта деценија штом општеството се фокусира на македонско-бугарските или македонско-албанските односи, на улиците излегуваат навивачките групи со навредливиот репертоар. Спонтано? Ајде, Ве молам.

повеќе

Нивото на Советот на Центар никако да порасне и да ги покаже демократските капацитети и зрелоста очекувани од граѓаните.

повеќе