Во детален извештај

САД убиваат цивили во Сомалија, вели Амнести интернешнел

Има веродостојни докази дека во американските воени воздушни напади во Сомалија се убиени или ранети речиси дваесетина цивили, објави во вторникот меѓународна група за човекови права, обвинувајќи дека Пентагон не го испитува соодветно ризикот од жртви.

Официјалните претставници на американската африканска команда веднаш ги оспорија тврдењата изнесени во извештајот на Амнести интернешнел и инсистираа дека војската испитала 18 случаи на можни цивилни жртви од 2017 година и дека утврдила дека ниеден не е валиден.

Навидум контрадикторните информации ја истакнуваат сложеноста на воените операции против групата Ал-Шабаб во Сомалија, вклучувајќи воздушни напади од неколку сојузнички земји на недостапни, оддалечени локации, до кои тешко може безбедно да се стигне, пренесе Асошиејтед прес.

Извештајот беше објавен на денот кога еден сомалиски разузнавач рече дека во напад со американски беспилотни летала во понеделникот се убиени цивили. Сомалискиот претставник рече дека дронот нишанел возило во кое се возеле осомничени милитанти, но погодил друго возило.

Како ретко кога, американската команда во Африка ги спомена овие можни жртви во соопштението за нападот и рече дека официјалните претставници ќе го разгледаат инцидентот. Но претставниците на одбраната соопштија дека обвиненијата за жртви во Сомалија се дискутабилни бидејќи милитантите лажат или ги принудуваат локалните жители да лажат.

Меѓутоа, Амнести интернешнел соопшти дека анализирала сателитски снимки и други податоци и дека интервјуирала 65 сведоци и преживеани од пет конкретни воздушни напади што се детално опишани во извештајот.

Кој беше против осудата на комунизмот. За работите да станат појасни.

повеќе

Со потпишувањето на Преспанскиот договор се чинеше дека се отстрани единствената пречка за македонската интеграција во ЕУ и НАТО.

повеќе

Демонизирањето на Исламот и неговото постојано поврзување со тероризмот е загрижувачка појава во светот, а и на Балканот.

повеќе