САД тврдат дека ќарот на од нафтата во Сирија не оди кај нив туку кај Курдите

Пентагон објави дека заработката од нафтените полиња на североистокот на Сирија ќе оди кај курдските сили кои ги поддржува Вашингтон, а не кај Америка.

„Заработката не оди во САД, туку кај Сириските демократски сили (СДФ)“, им кажа на новинарите портпаролот на Пентагон Џонатан Хофман. СДФ се составен од курдските сили и сириските антивладини бунтовници.

Поради стравот дека Исламска држава може да го искористи вакумот во власта, американскиот претседател Доналд Трамп реши одреден дел од американските трупи да остане во деловите од Сирија богати со нафта, односно во областите под контрола на Курдите.

Станува збор за вкупно неколку стотици американски војници или нешто помалку од илјада, колку што ги имаше на северот на Сирија кога Трамп минатиот месец ненадејно објави нивно повлекување.

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денес кажа дека САД не ја исполнуваат својата обврска на потиснување на курдските милиции од пограничниот појас во Сирија и дека тој тоа прашање следната недела ќе му го постави на Трамп во Вашингтон.

Хофман кажа дека не знае дали во тој регион сѐ уште има курдски борци, но додаде дека САД таму немаат преглед на целата ситуација.

Додаде дека Вашингтон од Анкара очекува пред правдата да го приведе секој борец на протурските сили во Сирија кој извршил воено злосторство.

Пентагон соопшти дека примирјето на северот на Сирија генерално се почитува.

ЕУ, свесна за демократскиот дефицит на земјите од Западниот Балкан (но и останатите, претежно економски проблеми), како да тежнее кон формирање блиски, но и специфични односи со овој регион, без полноправно членство.

повеќе

Нарушени се човековите права и слободи, нема владеење на правото и правосудството, кои треба да бидат основа на процесот.

повеќе

Поентата на глобализмот е максимално економско вмрежување во десетици економски сојузи на секоја држава.

повеќе